СМАРТ АГРАР

Светските искуства веќе со години наназад говорат за синергијата помеѓу аграрот - како традиционална индустриска гранка и напредната интелигентна технологија, со цел да се олесни работата на земјоделците, а да се зголемат нивните приноси. Употребата на информациските и комуникациските технологии во агроиндустријата, не само што носи намалување на трошоците на работењето, туку и значително ги олеснува секојдневните оперативни и логистички активности.

Порастот на конкуренцијата, желбата да се оптимизираат трошоците со истовремено зголемување на квалитетот на производството, се повеќе ги насочува земјоделците кон користење решенија базирани на:

  • GPRS,
  • M2M технологија (machine-to-machine),
  • ГИС (географски информациони системи),
  • Паметни сензори,

а во последно време, како последни технолошки паметни достигнувања и со:

  • дронови и
  • автономни возила.

Македонски Телеком, со своите иновативни проекти и M2M решенија во агро-индустријата има за цел активно да се вклучи во развојот на земјоделството во Македонија и да ги поттикне дури и сопствениците на најмалите земјоделски стопанства да ги искористат предностите кои ги нудат паметните – интелигентни решенија.

Имајќи ги предвид светските искуства, Македонски Телеком на своите корисници им нуди низа решенија за унапредување на земјоделското производство и фармерството, меѓу кои:

  • системи за далечинско управување со земјоделските машини
  • системи за автоматска анализа на потребната количина на ѓубрива и вода која им е потребна на насадите,
  • анализа на потребната количина и вид на храна која е потребна за добитокот,
  • системи базирани на сензори кои ги мониторираат и оптимизираат за климатските услови температура, влажност, PH вредност) со цел да се спречат болестите кај животните и растенијата...

На тој начин, водата и ѓубривата правилно се дозираат, добитокот се храни правилно со што квалитетот на производите значително расте, а трошоците на земјоделците се намалуваат или во најмала рака се оптимизираат.