LAN И WAN
РЕШЕНИЈА

Системот за структурно каблирање (SCS) претставува генерален комуникациски жичен систем, кој се користи за пренос на говор, податоци, видео комуникација и претставува „крвотокот“ на целата податочна и говорна комуникациска мрежа. Само соодветно дизајнирани, имплементирани и управувани системи овозможуваат оптимизиран и ефикасен начин за искористување на ресурсите и непрекинати деловни комуникации.

LAN и WAN опрема

Обезбедуваме целосни решенија кои покрај структурното каблирање вклучуваат и поврзување на сите ваши уреди и алатки, неопходни за извршување на секојдневните деловни активности во активен и функционален мрежен систем (сервери за електронска пошта, фајл-сервери, десктоп компјутери, лаптопи, конференциски уреди и сл.).

Посветени на услугите со врвен квалитет и вредност, Македонски Телеком преку партнерствата со водечките производители обезбедува мрежна опрема. Нашето портфолио на производи вклучува:

  • Решенија за локални мрежи (LAN) - мрежно поврзување во рамките на една локација
  • Решенија за безжични мрежи (WLAN) - безжични податочни комуникации и пристап до компаниските ресурси во рамките на мрежа
  • Решенија за WAN мрежи - поврзување на оддалечени локации, и меѓусебно поврзување на LAN и WAN мрежи и обезбедување на интернет пристап

Изборот на соодветен партнер за дизајнирање, имплементација и одржување на овие решенија, ќе ви обезбеди непречена и постојан комуникација, која е клучот за ефикасно работење.