вашите услуги, апликации и бизнис податоци достапни секаде и секогаш
Cloud услугите се безбедно, флексибилно и ефикасно решение за сите компании што претставуваат замена за скапата ИТ инфраструктура, потребна за непречена работа на вашиот бизнис, гарантирајќи целосна приватност и безбедност на вашите податоци.
Зошто да ги изберете Cloud услугите на Телеком?
IaaS e Cloud услуга која на брз и едноставен начин, без инвестиции и ниски трошоци, ви овозможува да го зголемите капацитетот на вашите ИТ ресурси или пак во потполност да ги изнајмите. Повеќе нема потреба да размислувате за одржување скапа опрема и обезбедување на соодветен простор за неа, ниту пак купување скапи лиценцирани софтвери за безбедност и сигурност на вашите деловни податоци.
Доколку ви е потребна дефинирана ИТ платформа и не сакате да размислувате за нејзината конфигурација, одберете PaaS, напредна Cloud услуга, кој ви овозможува да изнајмите една од ИТ платформите што ги нудиме – Веб сервер или Развоен сервер.
Наместо вашата веб-страница, апликација или пак, целиот информативен систем да го градите од компоненти кои што не ги познавате доволно, многу поефикасен и поебезбеден начин е да изнајмите готова PaaS услуга на Македонски телеком, при што вашите трошоци ќе бидат значително помали.
Ако сакате место за презентација на вашата компанија и производи на интернет и на тој начин правејќи го вашиот бизнис видливи на глобалниот пазар, одберете ја опцијата за Веб сервер. Доколку на вашиот бизнис му е потребен развој на апликации ја имате можноста за избор на Развоен сервер.
Saas (Софтвер како услуга) е решение во кое не купувате софтвер, туку истиот го користите како услуга, а до него пристапувате преку интернет. Софтверот е хостиран во Дата центарот на Македоснки Телеком во кој ги има сите потребни ресурси за одржување и поддршка, каде безбедноста на вашите податоци е загарантирана, а вие плаќате онолку колку што користите.