SMART HEALTH

Преку спој од светските знаења на групацијата Deutsche Telekom и локалното искуство и познавање на здравствениот систем, успеавме да креираме портфолио на иновативни решенија за превентивна здравствена заштита, медицински третмани и подобрување на административните процеси, со цел да придонесеме кон создавање на поврзано и поквалитетно здравство.

Како најнапредна технолошка компанија во Македонија, Македонски Телеком имплементира и интегрира ИКТ решенија за скоро сите индустрии. Од сите индустрии, сфери и системи, од каде што имаме дигитално присуство, токму здравството и здравствениот систем може да има најголема корист од користењето на ИКТ системите и решенијата , односно од дигитализацијата на податоците.

Предводени од нашата мисија да создадеме поврзан дигитален свет, во нашето портфолио на производи и услуги вклучивме иновативни и модерни технолошки решенија од областа на електронското здравство. Со нив, пациентите сами ќе можат да ги мониторираат своите витални знаци, а здравствените работници во секое време и од секој уред поврзан на Интернет ќе можат да пристапат до податоците на пациентите.

Вака интегрираниот здравствен систем ја олеснува размената на информации и соработка помеѓу сите чинители во здравствениот систем: пациенти, здравствени работници и здравствени институции, со што се отвора можност за ефективна комуникација и донесување на заеднички и информирани одлуки.

Дополнително, со помош на алатките за далечински мониторинг, лекарите ќе се грижат за болните во нивните домови, а експертите преку видео конференции и дигитална комуникација ќе можат да разменуваат искуства и да даваат консултации.

На тој начин значително ќе се намалат трошоците, ќе се зголеми достапноста на здравствените услугии ќе се подобри и квалитетот на живеењето.

Решенија за електронско здравство

Електронски здравствени картички

Решенија за телемедицина и телематика

Услужни портали

Паметни апликации за итна помош и самопомош