ШТО ПРЕТСТАВУВА CISCO WEBEX?

Cisco Webex e интегриранa аудио-видео платформа за соработка, која Ви овозможува организација на состаноци, презентации онлајн и едноставно споделување содржини.

Дизајнирана е за лесно користење преку кој било веб пребарувач на PC или од кој било ваш мобилен уред (лаптоп, смартфон или таблет), без дополнителен софтвер.

Во соработка со Cisco, Ви овозможивме тест период од 90 дена на Enterprise Webex функционалностите, без никакви дополнителни обврски.

ОРГАНИЗИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА ОНЛАЈН ВЕДНАШ!

Контактирајте нѐ на 120 или на biznis.kontakt@telekom.mk

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА УСЛУГАТА CISCO WEBEX TRIAL?

За мали, средни и големи компании кои имаат потреба од професионално и сигурно онлајн решение за аудио-видео конференција и лесна и брза интерна или екстерна колаборација, без дополнителен софтвер и ограничувања во бројот на учесници и времетраењето на состанокот.

ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНА CISCO WEBEX УСЛУГАТА?

  • Поканете ги Вашите партнери, членови на тимови и надворешни соработници и одржувајте состаноци, презентации и конференции, онлајн кога било, каде било, без да бидете присутни на заедничка физичка локација, од Вашите домови или канцеларии;
  • Соработувајте флексибилно и додека сте во движење, преку Вашите мобилни уреди;
  • Заштедете на трошоци и време за организација на значајни конференциски настани - поканете до 200 учесници преку Интернет со лесно споделување покана преку линк;
  • Снимете го целокупниот состанок на Cisco Cloud, достапен за преглед секoгаш и од секаде.

Придобивки

Достапност

Пристап од било каде преку Интернет поддржано преку лаптоп, мобилен уред или таблет

Комплетно решение

Платформата вклучува квалитетна HD видео / слика и аудио / звук, chat, складирање фајлови и снимање на состаноците.

Безбедност

Cisco Webex дава комплетна безбедност, со обезбедена енкрипција од крај до крај (протокол TLS 1.2, енкрипција AES 128, автентикација и интегритет HMAC)

Професионална техничка поддршка

365/24/7 часа од експертски сертифициран тим

Видео

Спецификациja

1: 1 Споделување текст / аудио / видео и екран
Споделување документи и desktop
Управување со документи, споделување и ажурирање фајлови
Контрола за време на состаноците (додавање / chat / исклучување ) за индивидуални учесници
Пристап до апликации од трети страни
Дигитална табла
API за интегрирање на апликации од трети страни
Soft клиент за глас, видео, состаноци и пораки
Способност за експорт на пораки за архива
Мобилни апликации Cisco WebEx за Google Android и Apple IOS
Складирање датотеки на Cisco Cloud (облак) 20 GB
Неограничени мрежни аудио и видео повици 200 учесници, времетраење до 24 часа
Интегрирани апликации и услуги 10 апликации
Снимање состаноци на Cisco Cloud (облак) 10 GB
Интеграција со календар на Microsoft Outlook

Прашања и одговори