дата центар

вашите податоци во најбезбедниот
простор во Македонија

ПРИДОБИВКИ

Зошто да го одберете Дата центарот на ТЕЛЕКОМ?

Безбедност

Не постои ризик за пристап од неавторизирани лица, ниту пак ризик за оштетување на опремата

Заштеда

Со користење на дата центарот немате трошоци поврзани со набавка и одржување на сопствена опрема

Соодветен простор

Опремата е сместена во професионален дата центар, кој ги исполнува сите светски технички и безбедносни стандарди

Професионална поддршка

Дата центарот располага со стручен кадар за која било технологија достапна во Македонија и техничка поддршка 24 x 7 x 365

Скопје ТК Центар 875 m2 Скопје Ѓорче Петров 130 m2
Струмица 170 m2

КАРАКТЕРИСТИКИ

Физичка безбедност

X

Централизиран систем за видео надзор кој овозможува 24 х 7 x 365 мониторинг на сите простории од страна на секогаш присутно професионално физичко обезбедување за постигнување целосна безбедност на просториите и објектот. Покрај физичкото обезбедување на објектот пристапот е овозможен само преку шифрирана контрола, континуирано евидентирана, зачуванa и историски достапнa.

e-pratka

Информатичка безбедност

X

Системи за заштита од упади од надворешната и внатрешната мрежа, кој обезбедува загарантирана безбедност на системите и нивните податоци; Точно дефинирани, доверливи и професионални лица кои се одговорни за администрација на системите; Системско следење и евиденција на сите настани и активности поврзани со системите.

e-pratka

Градежна изведба на Дата Центарот

X

Податочните центри се сместени во згради кои ги се градени по стандарди за сеизмички активни подрачја, истите се тестирани и имаат потврда од ИЗИИС за сеизмички стабилни објекти.
Внатрешното каблирање е изведено согласно стандардите за структурно каблирање, со двоен и антистатички под. Мрежните и енергетските кабли се меѓусебно издвоени во посебни кабелски канали.

e-pratka

Стабилно редундантно напојување

X

Со цел да се обезбеди непрекината работа на системите, опремата во Дата центарот се напојува од стабилно редундантно напојување. Како трето ниво на заштита во случај на комплетен прекин на енергијата од јавната електрична мрежа, Дата центарот е опремен со соодветни дуплирани дизел агрегати.

e-pratka

Противпожарна заштита

X

Зградата во која е сместен Дата центарот поседува систем опремен со HSSD (High Sensitive Smoke Detector) кој овозможува дојава на пожар; Во случај на пожар, системот за гаснење опремен со FM 200 се вклучува автоматски.

e-pratka

контролирана околина

X

Системот за проток на воздух во реално време ја следи работата на климите и укажува на евентуален проблем; Стратешки поставени сензори низ просториите на Дата центарот кои ја покажуваат моменталната температура, влажност, прав или чад.

e-pratka

Климатизација

X

Просториите се поделени на топли и ладни зони, со цел да се обезбеди константен проток на воздух и соодветна температура за работа на опремата.

Гаранција за квалитет

Со Дата центарот на Македонски Телеком управува искусен и стручен кадар. Меѓународните ИСО сертификати се потврда дека центарот нуди услуги и корисничка поддршка, работејќи според  однапред  дефинирани процеси, со вклучени контроли и заштити согласно барањата на стандардите.

ISO 20000-1
Управување со IT услуги
ISO 27001
Управување со Безбедност на информации.
ISO 9001
Управување со квалитет
ISO 14001
Управување со животна средина