факс услуга преку интернет
Office Fax услугата може комплетно да ја замени вашата стара факс машина и да ви обезбеди уште повеќе можности за водење на вашиот бизнис. Тоа е интернет базирана услуга која ги овозможува основните функции на стандардната факс телефонска услуга, преку e-пошта:
Едноставно праќање и примање факсови преку e- пошта;
Користење на истиот телефонски број за виртуелна конекција за праќање и примање факс пораки;
Достапност на услугата од која било локација преку интернет;
Сигурност и тајност на документите, при што тие нема секому да му бидат достапни во канцеларијата;
Праќање повеќе документи во една е-порака, веднаш без долго чекање;
Архивирање на факсовите и нивно лесно пребарување.
Office Fax е оптимално бизнис решение за навремена, едноставна и сигурна испорака на факс документи.
за неопределено
Office Fax услугата се обезбедува преку фиксен виртуелен телефонски број на Ericsson MM IMS системот од кој се реализира преносот на документите и повиците, кон софтвер инсталиран на факс сервер.
За да пратите Office Fax, треба во e-пораката во To... полето да се внесе бројот на кој ќе се праќа факсот и во Subject полето да се внесе бројот на факсот на праќачот и кодот за автентикација. Факсот кој треба да се прати се пиАшува во е-пораката или се праќа како прилог во .pdf, .tiff или .doc формат.
Активирајте Office Fax со повик во Бизнис контакт центарот на 120 или во најблиската Телеком продавница.