Хостирана деловна пошта е професионално решение за онлајн комуникација што интегрира е-пошта, контакти, календар, задачи, документи и папки.
Со Хостирана деловна пошта можете брзо и едноставно да праќате е-пораки од кој било компјутер или смартфон, да управувате со своите контакти и своето време, користејќи ги напредните календарски опции и адресар, како и да креирате задачи и да го следите нивното реализирање. Притоа, вашата е-комуникација е безбедна, со вклучената енкрипција и можност за обнова на трајно избришана пошта.
За сите оние што имаат потреба од професионално решение за е-пошта, а не сакаат да се грижат за негово одржување, поддршка и управување со лиценци;
За сите на кои им треба нова или замена на постојната професионална ИТ инфраструктура за електронска пошта (Microsoft Exchange, Lotus Notes или друг сопствен сервер за електронска комуникација);
За сите оние што сакаат своите деловни податоци да ги чуваат во Македонија и да уживаат во предноста која ја овозможува поддршката и професионалната помош 24/7 што ги нуди решението за Хостирана деловна пошта на Македонски Телеком.
Пристапете до вашите е-пораки, календар, контакти и задачи од секој паметен уреди од секаде преку интернет.
Самостојно администрирање на вашите компаниски е-сандачиња.
Едноставно споделувајте ги вашите е-пораки, документи, календар, адресар или задачи со колегите или соработниците.
Без потреба од инвестиции во сервери и лиценци и без трошоци за одржување. Единствено плаќајте месечен надомест според избраниот пакет. Без обврски за лојаност.
Вашата е-комуникација е безбедна, со вклучена енкрипција и можност за обнова на трајно избришана пошта.
24/7 достапност на Службата за техничка поддршка на Mакедонски Tелеком Напредна поддршка 8 часа 5 работни денови во неделата.
Е-сандаче со големина од 2 GB или 10 GB и е-пораки до 40 MB;
Можност за пребарување, филтрирање и приоритизирање на е-пораките.
Синхронизација на контактите на сите ваши уреди;
Можност за автоматизиран компаниски е-адресар.
Лесно и брзо испраќање и примање покани за состаноци и настани;
Преглед на прифатените покани за секој состанок или настан;
Управување со компаниските ресурси (сали за состаноци, заеднички простории);
Потсетник за состаноци што наближуваат директно на вашиот смартфон.
Можност за креирање лични или задачи за целиот тим;
Пристап до листата од задачи од сите ваши уреди;
Потсетник за роковите што наближуваат;
Интеграција на листата на задачи со календарот.
Простор за складирање и споделување документите важни за компанијата од каде било;
*опцијата е достапна во професионалниот пакет
Стандардното поштенско сандаче има 2 GB простор за складирање
Професионалното поштенско сандаче има 10 GB Професионалното поштенско сандаче
Актовка папка која овозможува користење на 10 GB простор од поштенскот сандаче за складирање, споделување и колаборација на документите.
Услугата се реализира на Telekom Cloud редундантна високодостапна виртуелна платформа на sofware as a service решение базирано на Zimbra Colaboraton Suite.
За користење на услугата потребно е:
Напомена:
За активирање на услугата, обратете се кај Вашиот менаџер за продажба или јавете се на 120.
Постои можност за миграција на поштенско сандаче од претходното решение за електронска пошта: