Дигиталното работење
е поефикасно

Квалификувани сертификати за
унапреден бизнис

КВАЛИФИКУВАНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА БЕЗБЕДНО ДИГИТАЛНО РАБОТЕЊЕ

Со нашите доверливи услуги ви нудиме квалификувани сертификати за електронски потпис и електронски печат, како потврда за вашиот идентитет при работа со електронски документи. Квалификуваниот сертификат гарантира дека идентитетот на физичко лице е утврден за време на издавањето на сертификатот и има иста правна и доказна сила како јавните исправи.
Македонски Телеком, како давател на доверливи услуги го усогласи своето работење со новиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и EU регулативата No. 910/2014 (eIDAS) и се запиша во националниот Регистар на даватели на доверливи услуги: https://trusteid.mioa.gov.mk/registar_listi/ како квалификуван давател на доверливи услуги за
квалификуван електронски потпис и електронски печат.

Електронски потпис

Ваш личен клуч во дигиталниот
бизнис свет

Електронскиот потпис го заменува своерачниот потпис во дигиталниот свет. Служи за потпишување на документите што ги издавате во електронски облик и се заснова на квалификуван сертификат со највисоко ниво на безбедност.

Со електронскиот потпис ја потврдувате веродостојноста на електронските документи, како и идентитетот на потписникот.

Наменет е за физички лица кога го користат во свое лично име или во име на правното лице кое го застапуваат.


Квалификуван електронски потпис (QES) се заснова на квалификуван сертификат и се издава веќе повлечен на USB токен (QSCD уред), со што се овозможува највисоко ниво на безбедност.

Со уредот - USB токен се гарантира дека податоците што се користат за создавање на потписот (приватниот клуч) се строго под единствена контрола на потписникот и не може да се направи копија на друг медиум.

USB токенот е QSCD – Qualified Signature Creation Device - криптографски уред, средство за создавање квалификуван сертификат за електронски потпис или квалификуван електронски печат кој ги задоволува барањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и EU регулативата No. 910/2014 (eIDAS).

Корисникот на квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис ќе добие ПИН и ПУК броеви потребни за користење на сертификатот преку e-маил порака, додека USB токенот со сертификатот ќе го добие лично на рака од страна на Телеком продажниот агент или на наведената адреса за испорака.

ЦЕНИ

Цени без ДДВ
Цени со ДДВ
1 година
1.499
Денари Годишно
2 години
1.429
Денари Годишно
3 години
1.349
Денари Годишно
4 години
1.279
Денари Годишно
5 години
1.199
Денари Годишно

Прикажаната цена претставува годишен надомест за договор склучен на период подолг од една година.
Вкупниот надомест за користење на сертификатот на период подолг од една година може да се плати и еднократно.
Цените важат од: 05.10.2022

USB ТОКЕН
1.490 ЕДНОКРАТЕН надомест

Надоместокот за токен е еднократен и се наплаќата на првата месечна сметка.

Дополнителни услуги

Потребна документација за квалификуван сертификат

Напреден електронски потпис (AdES) се заснова на квалификуван сертификат и се повлекува од страна на корисникот на дискот на компјутерот или на USB токен, со помош на претходно добиени кодовите за активирање: референтен број на е-маил адресата и авторизациски код преку СМС порака.

ЦЕНИ

Цени без ДДВ
Цени со ДДВ
1 година
1.499
Денари Годишно
2 години
1.429
Денари Годишно
3 години
1.349
Денари Годишно
4 години
1.279
Денари Годишно
5 години
1.199
Денари Годишно

Прикажаната цена претставува годишен надомест за договор склучен на период подолг од една година.
Вкупниот надомест за користење на сертификатот на период подолг од една година може да се плати и еднократно.
Цените важат од: 05.10.2022

Дополнителни услуги

Потребна документација за квалификуван сертификат


ЗАВЕРУВАЈТЕ ГИ ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИТЕ

  • Фактури, дописи, нарачки
  • Документи за учество на тендери
  • При потпишување договори
  • За безбедна електронска комуникација
  • Поднесување даночни пријави и биланси преку системот Е-даноци на Управата за јавни приходи;
  • Поднесување документи и потпишување понуди при учество на тендери преку системот за јавни набавки;
  • При користење на едношалтерскиот систем (EXИM) на Царинската управа на РМ за електронско поднесување барања за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции;
  • За пријава и одјава на работни односи преку електронскиот систем на Агенцијата за вработување;
  • При издавање податоци за урбанистички планови преку системот Е-урбанизам на ЗЕЛС;
  • За електронска достава на судски документи преку Автоматизираниот систем за управување со судски предмети – АКМИС;
  • За поднесување извештаи по електронски пат преку порталот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето;
  • Фонд за здравствено осигурување за потпишување на договори , издавање на е-рецепти;
  • За електронско поднесување завршни сметки и основање правни субјекти во Централен регистар на РМ.

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ – КВАЛИФИКУВАН
ИЗДАВАЧ НА КВАЛИФИКУВАНИ СЕРТИФИКАТИ

Македонски Телеком има изградено инфраструктура на јавни криптографски клучеви (Public Key Infrastructure – PKI) уште од 2006 год. и е регистриран издавач на сертификати (CA – Certificate Authority), согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и EU регулативата No. 910/2014 (eIDAS).

Македонски Телеком CA се базира на Entrust технологијата, светски лидер во областа на PKI системите, сертификациските тела и заштитата на електронското работење и функционира на база на самопотпишан сертификат издаден сам од себе во процесот на креирање клучеви.

КАРАКТЕРИСТИКИ

Автентикација

Идентитетот на носителот на сертификатот е потврден.

Интегритет

Податоците што се испраќаат се заштитени од неовластени промени.

Неотповикливост

Трансакцијата не може да се оспори ниту од праќачот ниту од примателот.

Доверливост

Содржината на пораката може да ја прочита само назначениот примател.

УПАТСТВА

ДОКУМЕНТИ

Електронски печат

За современо, брзо и ефикасно работење

Електронскиот печат е услуга слична со електронскиот потпис, со таа разлика што потписникот не е физичко туку e правно лице.

Eлектронскиот печат го заменува печатот на правното лице или институцијата кој вообичаено се користи за хартиени документи. Служи за нанесување на корпоративен печат на документите што ги издавате во електронски облик и се заснова на квалификуван сертификат за да обезбеди највисоко ниво на безбедност.

Со електронскиот печат ја потврдувате веродостојноста на вашите документи, како и вашиот бизнис (деловен) идентитет, односно дека електронските документи се издадени од соодветно правно лице.

Квалификуван електронски печат се заснова на квалификуван сертификат и се издава веќе повлечен на USB токен (QSCD уред), со што се овозможува највисоко ниво на безбедност.

Со уредот се гарантира дека податоците што се користат за создавање на печатот (приватниот клуч) се строго под единствена контрола на потписникот и не може да се направи копија на друг медиум.

USB токенот е QSCD уред -Qualified Signature Creation Device е криптографски уред, средство за создавање квалификуван сертификат за електронски печат или квалификуван електронски печат кој ги задоволува барањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и EU регулативата No. 910/2014 (eIDAS).

Корисникот на квалификуван сертификат за квалификуван електронски потпис ќе добие ПИН и ПУК броеви потребни за користење на сертификатот преку e-маил порака, додека USB токенот со сертификатот ќе го добие лично на рака од страна на Телеком продажниот агент или на наведената адреса за испорака.

ЦЕНИ

Цени без ДДВ
Цени со ДДВ
1 година
7.200 ЕДНОКРАТЕН надомест
2 години
12.500 ЕДНОКРАТЕН надомест
3 години
18.000 ЕДНОКРАТЕН надомест
USB ТОКЕН
1.490 ЕДНОКРАТЕН надомест

Надоместокот се наплаќата еднократно, на првата месечна сметка, за целиот период на користење на сертифкатот за печат.
Цените важат од 05.10.2022

Дополнителни услуги

Потребна документација за квалификуван сертификат

Македонски Телеком нуди и опција вашиот електронски печат да Ви биде издаден на ваш Hardware Secure Module (HSM) – безбеден мрежен уред – чијашто цена е варијабилна во зависност од вашите специфични потреби.

Напреден електронски печат се заснова на квалификуван сертификат и се повлекува од страна на корисникот на сопствен медиум, со помош на претходно добиени кодовите за активирање: референтен број на е-маил адресата и авторизациски код преку СМС порака.

ЦЕНИ

Цени без ДДВ
Цени со ДДВ
1 година
7.200 ЕДНОКРАТЕН надомест
2 години
12.500 ЕДНОКРАТЕН надомест
3 години
18.000 ЕДНОКРАТЕН надомест

Надоместокот се наплаќата еднократно, на првата месечна сметка, за целиот период на користење на сертифкатот за печат.
Цените важат од 05.10.2022

Дополнителни услуги

Македонски Телеком нуди и опција вашиот електронски печат да Ви биде издаден на ваш Hardware Secure Module (HSM) – безбеден мрежен уред – чијашто цена е варијабилна во зависност од вашите специфични потреби.

ЗАВЕРУВАЈТЕ ГИ ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИТЕ

Зошто Дигитален Сертификат
од Македонски Телеком?

Македонски Телеком има изградено инфраструктура на јавни криптографски клучеви (Public Key Infrastructure – PKI) и е регистриран издавач на сертификати (CA – Certificate Authority), согласно законите во РМ и ЕУ стандардите, уште од 2006 год.

Македонски Телеком CA се базира на Entrust технологијата, светски лидер во областа на PKI системите, сертификациските тела и заштитата на електронското работење.

Македонски Телеком CA функционира на база на самопотпишан сертификат издаден сам од себе во процесот на креирање клучеви.

КАРАКТЕРИСТИКИ

Автентикација

Идентитетот на носителот на сертификатот е потврден.

Интегритет

Податоците што се испраќаат се заштитени од неовластени промени.

Неотповикливост

Трансакцијата не може да се оспори ниту од праќачот ниту од примателот.

Доверливост

Содржината на пораката може да ја прочита само назначениот примател.

УПАТСТВА

ДОКУМЕНТИ