ВРЕМЕНСКИ
ПЕЧАТ

ПОТВРДА ЗА ИНТЕГРИТЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ
ДОКУМЕНТИ ВО ДАДЕНО ВРЕМЕ

Што е временски печат?

Временските печати го потврдуваат постоењето на електронските податоци во одредено време на доверлив и проверлив начин.

Особено се корисни кога датумот игра значајна улога во процесот на потврда и проверка на разни документи, договори или сертификати. Временскиот печат е запис на време и датум, со кој се потврдува дека документот не е изменет од моментот кога е заверен со временски печат.

Македонски Телеком издава временски печати со точност од една секунда или попрецизно во однос на доверлив извор на координираното универзално време (UTC-Coordinated Universal Time).

ПРИДОБИВКИ

Потврда дека документите биле подготвени во точно одреден временски период

Потврда на времето на испорака и прием на електронските документи

Конзистентност (интегритет) на содржината на документите

Каде се користи услугата
Временски печат?

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

ЗОШТО ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ
ОД МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ?

Македонски Телеком има воспоставено инфраструктура за издавање временски печати согласно законите на РМ и ЕУ стандардите, со што постана издавач на услуги временски печати (Timestamping authority - TSA) во Македонија.
Македонски Телеком, како издавач на временски печати, работи во согласност со:

  • Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и правилниците и други прописи донесени врз основа на овој закон,
  • европските директиви и регулативи поврзани со оваа проблематика,
  • препораките на RFC за потврдување со временски печат: RFC 3161 »Internet X.509 Public Кеy Infrastructure - Time-Stamp Protocol (TSP)«,
  • препораките на ETSI (European Telecommunications за временски печати: ETSI TS 101 861 (в1.2.1) »Time stamping profile«,
  • и други важечки прописи

За користење услугата Временски печат, Телеком овозможува апликација за доделување и верификација на временски печати.