ПАМЕТНИ
БРОИЛА

Во ерата на паметни и поврзани технологии, користењето на паметни броила/мерачи е иднината на енергетската индустрија и комуналните услуги. Македонски Телеком, следејќи ги технолошките трендови, е секогаш подготвен да го прифати предизвикот и на своите корисници да им ги донесе најновите светски иновации.

Паметните броила се дел од најновото портфолио на иновативни продукти на Македонски Телеком, чија цел е на корисниците, деловни и приватни, да им овозможи паметна контрола на користењето на комуналните услуги.

Паметните броила се следбеници на конвенционалните броила кои во децениите наназад се користат за следење на потрошувачката на електричната енергија, вода и гас. Базирани на М2М технологија, паметните броила, безжично комуницираат со комуналните претпријатија, и автоматски им испраќаат податоци за реалната потрошувачка. На тој начин, домаќинствата добиваат реални, наместо естимирани сметки, без потреба од присуство на вработени кои ја читаат состојбата на броилата. Корисниците пак, можат во секое време да ги прочитаат податоците во врска со потрошувачката на електричната енергија/вода/гас и врз основа на тоа да ги оптимизираат своите трошоци.

Придобивки

  • Намалување на потребата за рачно читање на броилата, со што директно се намалуваат оперативните трошоци за компаниите
  • Зголемување на енергетската ефикасност за домаќинствата
  • Намалување на можностите за кражба и нереални сметки
  • Можност на домаќинствата да ја контролираат потрошувачката и да добијат известување кога истата ќе надмине определено ниво