ВИРТУЕЛНА ДЕСКТОП
ИНФРАСТРУКТУРА (VDI)

ВАШИОТ ДЕСКТОП
НА CLOUD

ШТО Е ВИРТУЕЛНА ДЕСКТОП ИНФРАСТРУКТУРА (VDI)?

Виртуелна десктоп инфраструктура (VDI) е технологија за хостирање на десктоп оперативни системи на виртуелна машина поставена во централизирана серверска средина. Со VDI на Телеком можете да пристапите на вашиот компјутер од било каде преку интернет, а притоа да бидете сигурни дека сите ваши податоци се сместени на безбеден сервер на Телеком Cloud.

КОМУ Е НАМЕНЕТА ДЕСКТОП ВИРТУАЛИЗАЦИЈАТА - VDI?

Скоро секоја компаија може да најде примена на VDI во сопствената инфраструктура, доколку:

Придобивки

Централизирано и поедноставено управување на десктоп уредите

повеќе

Намалување на трошоците и потребниот хардвер

повеќе

Зголемена мобилност

повеќе

Безбедност на податоците, усогласеност и деловен континуитет

  • Стандардизација на компјутерите за различни корисници и лесно одржување на персонализираните апликации
  • Лесно управување со софтверски надградби (Patch management)
  • Примена на стандардни backup сценарија на серверската околина без инволирање на клиентски backup
  • Едноставна примена на безбедносни политики и правила дефинирани од компанијата преку вградени полиси и ограничувања за профилите на правила за комуниакција на истите со хост машините од каде се пристапуваат, како на пример - забрана за размена на податоци од виртуелната машина со уредот од каде се пристапува
  • Крирање и бришење на виртуелни машини за само неколку минути
  • Брзо опоравување на софтверот по евентуални грешки
  • брзо обезбедување на деловен континуитет во случај на неочекувани катастрофи од пошироки размери - само со опоравување на ресурсите на централната локација.
  • Планирање на трошоците за хардвер на серверска страна и ефикасно користење на централизираните компјтерските ресурси
  • Зголемување на животниот век и рециклипрање на старите десктопи кои може да се користат како тенки клиенти (thin clients)
  • Намалување на потрошувачката на електрична енергија заради користење на уреди со помала потрошувачка како што се тенките клиенти
  • Намалување на трошоците за поддршка на лице место и поддршка на дескопите
  • Можност за пристап на виртуелните десктопи преку интернет
  • Пристап од различни уреди - десктоп, лаптоп, тенки клиенти, мобилни уреди или хибридни уреди кои може да бидат компаниски или приватни, а притоа да не се наруши безбедноста на податоците
  • Различните VDI технологии овозвможуваат корисникот да ја задржи состојбата на виртуелната машина и на истата работна околина да работи континуирано од повеќе уреди - на пример да започне со работата од лаптоп, а да ја доврши од таблет

КОГА Е ИДЕАЛНО ДА СЕ ВОВЕДЕ VDI?

ПРИ РЕДОВНА ЗАМЕНА НА КОМПЈУТЕРИ
ПРИ Миграција на оперативните системи на десктоп компјутерите
ЗА ЗАШТИТА И ИСПОЛНУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ БАРАЊА
ВО СЛУЧАЈ НА СПОЈУВАЊЕ СО ДРУГА КОМПАНИЈА
ЗА Воспоставување на алтернативна работна околина

ПРЕДИЗВИЦИ

БЕЗ VDI
  • Управувањето со десктоп компјутерите е неефикасно и споро
  • Високи трошоци за оперативно одржување на декстоп компјутерите
  • Намалено СЛА за одржување
  • Безбедносни и ризици за нарушување на усогласеноста
СО VDI
  • Поедноставен десктоп менаџмент
  • Намалени трошоци за одржување
  • Подобрено корисничко СЛА и бизнис континуитет
  • Подобрена безбедност и усогласеност со корпоративните политики