Telekom safenet

ПОВЕЌЕ ЗАШТИТА
ЗА БЕЗГРИЖНО СУРФАЊЕ
ОД ВАШИОТ СМАРТФОН

КАРАКТЕРИСТИКИ

Нуди заштита од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање;

Не бара инсталации и ажурирања на смартфонот или таблетот;

Функционира без разлика на типот на мобилен уред или оперативен систем.

Што е safenet?

Telekom SafeNet е услуга која е интегрирана во мобилната мрежа на Телеком, автоматски ги проверува веб страниците што ги посетувате и ги блокира потенцијалните закани, уште пред тие да дојдат во контакт со вашиот смартфон или таблет.

Доколку посетите сигурна веб страница, тогаш не ни забележувате дека Telekom SafeNet работи во позадина. Доколку пак, наидете на некаква закана, ќе добиете известување и можете самите да одлучите дали ќе престанете или ќе продолжите со сурфањето.

КАКО ДА АКТИВИРАМ SAFENET?


Носителите на броевите во бизнис пакетите можат да ја активираат услугата на:

  • 149 777
  • Мој Телеком


За активирање на услугата за сите вработени, обратете се во најблиската Телеком продавница.

Активирајте SafeNet и користете ја бесплатно во наредните 4 недели!

Telekom SafeNet е достапна за сите бизнис мобилни тарифни модели, со вклучен интернет во претплатата
При првото активирање на услугата, корисниците ја добиваат бесплатно во период од 4 недели.

По завршувањето на бесплатниот период, услугата автоматски се деактивира и корисникот може повторно да ја активира за цена од 29 денари месечно.

Прашања и одговори

Telekom SafeNet е вметната во мобилната мрежа и на нејзиното користење не влијае видот на телефон што го имате, ниту пак оперативниот систем. Независно дали користите iPhone со iOS или било кој модел мобилен уред со Android оперативен систем, секогаш може да наидете на небезбедна веб страница. Со Telekom SafeNet секогаш сте заштитени.
Да. Целиот ваш податочен сообраќај преку мобилната мрежа на Телеком е заштитен. Значи, ако сурфате од вашиот таблет, користејќи интернет преку Wi-Fi hotspot од вашиот мобилен уред, услугата Телеком SafeNet сѐ уште ве заштитува.
Кога свесно ќе одлучите да продолжите со пребарувањето на небезбедна веб страница, треба да бидете свесни за ризиците кои ги преземате. Заканите можат да се поделат во следниве категории:
  • Malware (злонамерен софтвер) може да го зарази мобилниот уред со тоа што ќе биде преземен преку интернет прелистувачот кога корисникот ќе посети заразена веб страница. Злонамерниот софтвер може да биде дизајниран со цел да го снима притискањето на секое копче од тастатурата на мобилниот уред,
  • Spyware (шпионски софтвер) ги следи онлајн активностите на заразениот уред.
  • Worm (црв) го заразува уредот при што интернет конекцијата станува бавна поради тоа што црвот ја користи за да пронајде други ранливи уреди во кои би се вовлекол.
  • Phishing (кражба на лични податоци) претставува обид да се дојде до осетливи кориснички информации како кориснички имиња и лозинки, податоци за кредитна картичка и слично, поради криминални потреби (најчесто изнудување пари). Обидот се манифестира преку лажни веб страници кои изгледаат како вистински.
  • Botnet attacks (ботнет напади). Хакерите често контролираат мрежи од заразени компјутерски уреди наречени „зомби” или „ботнет” мрежи, кои се користат за напад на други компјутерски уреди .
Мобилната мрежа на Телеком и понатаму е сигурна, но станува збор за она што го правите на интернет. Поради тоа што никогаш не можете да бидете сигурни дали линкот или веб страницата се безбедни, услугата Telekom SafeNet е тука да ви даде дополнителна заштита.
Засега сѐ уште не. Telekom SafeNet функционира само доколку сурфате на мобилната мрежа на Телеком. Со неа можете безгрижно да сурфате кога ја користите нашата мобилна мрежа.
Засега сѐ уште не. Telekom SafeNet функционира само доколку сурфате на мобилната мрежа на Телеком. Со неа можете безгрижно да сурфате кога ја користите нашата мобилна мрежа.
Не, Telekom SafeNet не е достапна кога сурфате во странство.
Точно, многу интернет прелистувачи, како на пример Google Chrome, веќе блокираат многу небезбедни веб страници. Но, услугата Telekom SafeNet врши многу пообемна контрола и на тој начин може да открие и да блокира многу поголем број вируси и други онлајн закани.
Дури и кога свесно се трудите да сурфате само на сигурниот дел од интернет, секогаш е можно случајно да кликнете на некој фишинг линк или да ве начека некој вирус. Постојат сѐ повеќе и повеќе лажни страници кои се толку професионално направени што е тешко да се разграничат од оригиналните. Со услугата Telekom SafeNet добивате постојана заштита и ќе добиете навремено предупредување веднаш штом детектираме опасност.
Со услугата Telekom SafeNet , преку софистицирани механизми за филтрирање проверуваме дали некоја веб страница е наведена на т.н. „црна листа“ на небезбедни веб страници. Доколку веб страницата е означена како ризична, ја блокираме.