MOBIPAY

СОВРЕМЕН, БРЗ И СИГУРЕН НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
ПРЕКУ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Што е mobipay?

MobiPay се решенија наменети за сите кориснички ориентирани компании кои сакаат на своите клиенти да им обезбедат современо и ефикасно решение за плаќање, истовремено обезбедувајќи си брза и сигурна наплата.

ПРИДОБИВКИ

ЗОШТО ДА СТАНАМ MOBIPAY ТРГОВЕЦ?

Едноставно

Брзо и лесно имплементирање преку поставување на МоbiPay терминали на вашето продажно место.

Без предуслови

Не е потребна фиксна телефонска линија или интернет пристап.

ВРВНА БЕЗБЕДНОСТ

Најсофистицирани, повеќестепени безбедносни методи и врвна заштитна технологија за сигурно и безгрижно купување, секогаш и секаде: СИМ картичка која неможе да се клонира; МobiPay ПИН; Нема никакви податоци кои се зачувуваат на самиот телефон или негови делови.

Без доПОЛНИТЕЛНИ трошоци

Без фиксни месечни трошоци - сите трошоци се содржани во единствена провизија од трансакција.

МОЖНОСТ за промоција

Екслузивна можност за презентација на вашата компанија преку комуникациските канали на MobiPay.

КАКО ДА СТАНАМ MOBIPAY Трговец?

За да станете Mobipay трговец, потребно е да имате сметка во НЛБ Тутунска банка или Стопанска банка А.Д. Битола. Пополнете го формуларот подолу и нашите агенти ќе ве контактираат за понатамошните чекори:

КОЈ СÈ MOЖЕ ДА ПЛАЌА СО MOBIPAY?

Сите постпејд Телеком корисници кои ја имаат активирано услугата MobiPay Easy или MobiPay Standard.
Сите припејд Телеком корисници кои ја имаат активирано услугаТАMobiPay Еasy за припејд.
Сите корисници на Македонски Телеком и корисници на НЛБ банка или сите корисници на Македонски Телеком и корисници на Стопанска банка Битола кои имаат активирано MobiPay преку банкарска сметка.

ТЕХНОЛОГИЈА

  • Плаќањата се вршат преку патентирана DoV (Data over Voice) технологија која 100% ги поддржува сите мобилни телефони во мрежата на Македонски Телеком без потреба од никаков дополнителен софтвер;
  • Сигурност базирана на СИМ картичка која не може да биде дуплирана;
  • Единствен MobiPay ПИН број за авторизирање на секоја трансакција;
  • Ако го изгубите мобилниот телефон, можете веднаш да ја блокирате услугата со повик во Контакт центарот на Македонски Телеком 070/122;
  • Ниеден податок не се запишува на самиот мобилниот телефон или во неговите составни делови;
  • Верифицирано од НБРМ.

Прашања и одговори

Да, MobiPay користи најсофистицирани повеќестепени безбедносни методи и врвна заштитна технологија за сигурно и безгрижно купување, секогаш и секаде. Безбедноста е базирана на СИМ картичката која не е можно да се дуплира. Специјален MobiPay ПИН што го знае само корисникот за авторизација при секоја трансакција. Нема никакви податоци кои се зачувуваат на самиот телефон или на негови делови.
При изгубен телефон корсникот може веднаш да го блокира со повик до Контакт центарот на 122 кој работи 24/7.
Да, секој трговец сопственик на MobiPay терминал има 24 часовна подршка во случај на проблем со терминалот како и обука за користење.
Единствен предуслов за станување дел од MobiPay мрежата на трговци е да имате отворено банкарска сметка во НЛБ Банка или Стопанска банка а.д. Битола. Средствата од направените наплати со MobiPay преку банкарска сметка ги добивате веќе наредниот работен ден на вашата сметка во НЛБ банка или Стопанска Банка а.д. Битола, додека средствата од наплати со MobiPay преку Телеком сметка ги добивате во рок од 7 работни дена од денот на направената трансакција .
Не, единствен трошок на кој е изложен трговецет е провизијата од остварена трансакција во зависност од дејноста на трговецот.
Дозволениот лимит за вршење на Mobipay плаќање зависи од услугата која корисникот ја има активрано: За MobiPay Easy лимит до 300 ден. по трансакција, a вкупниот месечен лимит го одредува Телеком во зависност од Вашиот кредитен рејтинг и висината на месечна телефонска претплата; За MobiPay Standard лимит до 1.000 ден. по трансакција, а вкупниот месечен лимит го одредува Телеком во зависност од Вашиот кредитен рејтинг и висината на Вашата месечна телефонска претплата; За MobiPay Easy припејд лимитот на трансакцијата е во износ на расположливиот MobiPay ваучер, во вкупен месечен лимит до 6.000 ден; За MobiPay преку банкарска сметка лимитот го претставуваат расположливи средства на платежните картички кои се врзани со MobiPay услугата. За повеќе информации посетете ја страницата MobiPay.mk