Е-едукација
EPistum Cloud

спроведувајте обуки
едноставно и ефективно
преку интернет

Што е EPISTUM Cloud?

EPISTUM Cloud e веб базирано решение за учење на далечина, коe овозможува сместување и администрација на едукациски и интерактивни курсеви, како и меѓусебна интеракција на вработените и предавачите. Курсевите се интерактивни со вежби, тестирања, видео конференции, материјали за учење.

ШТО ДОБИВАМ СО EPISTUM Cloud?

За кого е наменет EPISTUM Cloud?

Банки и осигурителни компании

Јавни установи

Образовни институции

Големи и средни компании кои се грижат за професионалиот развој на вработените

придобивки

интерактивност

Онлајн комуникација помеѓу корисниците и нивните едукатори, можност за користење модул за веб конференција, автоматски потсетник преку е-порака за корисниците, едукаторите и менаџерите.

ОТВОРЕНА ПЛАТФОРМА

  • Курсеви прилагодени за потребите на секој корисник;
  • Брендирање на продуктот за секоја компанија корисник
  • Посебна корисничка група со свои привилегии: обучувач, слушател, менаџер, администратор, автор...

безбедност

корисникот, креирање една резервна копија за последните 7 денови, најава преку https протокол.

ЗАШТЕДА

Без потреба од инвестиции за софтвер, сервери, одржување и без инсталација кај корисникот. Намален трошок за интерни обуки за вработените - фиксна месечна претплата, без договорни обврски.

ДОСТАПНОСТ

Едноставен и брз пристап до обуките преку интернет од каде било. Можност за преслушување на обуката повеќе пати.

ЦеНИ и спецификација

За да ја користите EPISTUM Cloud услугата потребно е да се претплатите на EPISTUM Base којa обезбедува пристап до системот. Во зависност од потребите, можете да се претплатите на дополнителни лиценци:
  • EPISTUM Client наменети за секоја компанија;
  • EPISTUM Edu-лиценци наменети за компании кои се регистрирани за вршење едукативна дејност.
Цени без ДДВ
Цени со ДДВ

EPISTUM Base

лиценца

месечна претплата

9.999
ден.

EPISTUM Client

лиценца

месечна претплата

99
ден./по корисник

EPISTUM Edu

лиценца

месечна претплата

19
ден./по корисник

ТЕХНОЛОГИЈА

Epistum Cloud е cloud базирано решение за е-учење, чијашто технологија нуди поддршка на SCORM/AICC интерактивни курсеви, како и можност за импортирање готови изработени курсеви. Epistum меѓу другото нуди стандардни и ad-hoc ILT извештаи за следење на прогресот на слушателите, како дел од процесот на учење, систем за автоматско известување на слушателите за почеток или крај на курсевите, како и LDAP автентикација на корисниците со користење Microsoft Active Directory, како еден од начините за автентикација во системот. Epistum Cloud има мултисерверска поддршка оптимизирана со load balancing машини за најдобри перформанси.

Прашања и одговори

EPISTUM Cloud e веб базирано решение за е-едукација и e-тестирање на македонски јазик, хостирано на Cloud платформата на Македонски Телеком. Тоа лесно се прилагодува на вашите потреби, едноставно е и визуелно атрактивно за користење, овозможува лесен и брз пристал до обуките во кое било време и од кое било место. Со оваа алатка се намалуваат оперативните трошоци, без вложување во инфраструктура. Податоците се секогаш безбедни и корисниците добиваат професионална поддршка во секое време. Доколку сте заинтересирани за користење на призводот, контактирајте го вашиот продажен агент или јавете се на 120.
Oрганизирањето обуки e логистички комплексна и скапа операција (превоз, храна и сместување), особено кога станува збор за компании кои имаат канцеларии на оддалечени локации. Со EPISTUM Cloud нема повеќе потреба од организирање заеднички обуки на вработените во конференциски сали или изнајмени објекти за таа намена. Нема трошоци за патување, ниту подолги прекини на работењето заради обуки. Вработените ќе можат да пристапат до обуките и материјалите повеќе пати, поточно секогаш кога ќе имаат потреба за тоа и тоа во кое било време и од која било локација.
EPISTUM Сloud нуди можност за интеракција, односно можност за онлајн комуникација помеѓу корисниците и нивните едукатори, можност за користење модул за веб конференција и автоматски е-потсетник за корисниците, едукаторите и менаџерите со информации за статусот на обуката.
EPISTUM Сloud ги намалува трошоците за едукација, а овозможува предавањата да се понудат на многу поголем број студенти, кои ќе учат и полагаат од дома. Тој исто така може да служи како замена за дисперзирани студии, така што образовната организација станува достапна за ученици од цела Македонија, но и од странство. EPISTUM Сloud овозможува и подобар квалитет на едукацијата и следење на прогресот на студентите. Професорот ќе може да го следи прогресот на сите студенти, така што точно ќе знае кој студент до кој дел од материјалот напредувал. Професорите во кое било време можат да креираат наменски тестови, а студентите да си ги решаваат од дома или од факултет. Е-тестирањето на студентот веднаш му дава увид во освоените поени и веднаш може да даде коментар на оценката. Професорите во деталните извештаи можат да видат колку време студентот се задржал на тестот, колку пати го решавал, кога и колку поени освоил. За секоја промена студентите ќе бидат известени навреме. На пример, за промена на време, локација на испит, консултации, испитни сесии итн., сите корисници на платформата добиваат известување истовремено.