ДИГИТАЛНИ
СЕРТИФИКАТИ

за целосна сигурност во
дигиталното работење

Што е Дигитален Сертификат?

Дигиталниот сертификат ви овозможува дигитално (електронско) верифицирање на документите со автентичен електронски потпис и печат.

Електронскиот потпис и електронскиот печат се користат за документите кои ги издавате во електронски облик и се замена за печат и потпис кои вообичаено се користат при издавање хартиени документи.

Со нив се потврдува веродостојноста на испратениот документ, како и идентитетот на носителот на сертификатот.

ДИГИТАЛЕН
СЕРТИФИКАТ ЗА
ПОТПИС

Ваш потпис во дигиталниот свет

ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС

Електронскиот потпис е дигитален сертификат наменет за потпишување на документите кои ги издавате во електронски облик.

Со електронскиот потпис ја потврдувате веродостојноста на електронските документи, како и идентитетот на потписникот.

Со дигиталниот потпис, лесно ќе ја зголемите вашата продуктивност и ќе ги намалите трошоците и времето потребни за поднесување документи до државните институции.

ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОТПИС?

Електронскиот потпис се користи за верификација на секојдневни е-трансакции (фактури, дописи, нарачки), учество на тендери, потпишување договори, енкриптирање документи, безбедна електронска комуникација и пристап до апликации или поточно:

  • За електронско поднесување даночни пријави и биланси преку системот Е-даноци на Управата за јавни приходи;
  • За електронско поднесување документи и потпишување понуди при учество на тендери преку системот за јавни набавки;
  • При користење на едношалтерскиот систем (EXИM) на Царинската управа на РМ за електронско поднесување барања за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции;
  • За користење на електронскиот систем за пријава и одјава на работни односи на Агенцијата за вработување;
  • За издавање податоци за урбанистички планови преку системот е-урбанизам на ЗЕЛС;
  • За електронска достава на судски документи преку Автоматизираниот систем за управување со судски предмети – АКМИС;
  • За поднесување извештаи по електронски пат преку порталот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето;
  • За електронско поднесување завршни сметки и основање правни субјекти во Централен регистар на РМ;
  • За потпишување електронски документи кои се разменуваат меѓу јавните институции;
  • За потпишување и одобрување на документи во електронска форма во рамките на компаниите кои ги дигитализираат процесите на работење или кои веќе работат дигитално;
  • Кај сите системи каде што корисниците сами ги прикачуваат претходно потпишаните документи како на пример:
    • Електронско поднесување документи преку системот за јавни набавки во Бирото за јавни набавки;
    • Издавање градежни дозволи преку системот за Е-одобрение за градење на Катастар на РМ.

КВАЛИФИКУВАНИ ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС

Овие персонални сертификати се замена за своерачен потпис. Наменети се за физички лица кога го користат во свое име или во име на правното лице кое го застапуваат.

Доверливост KS

Доверливост KS е квалификуван сертификат, наменет стандардни апликации.

Прикажи повеќе

Доверливост KS+

Доверливост KS + е квалификуван сертификат со токен, за зголемена сигурност на сертификатот.

Прикажи повеќе

Доверливост KS Cloud

Доверливост KS Cloud e квалификуван сертификат кој овозможува дигитално потпишување документи од кое било место, на кој било уред поврзан на интернет.

Прикажи повеќе

Доверливост KSN

Доверливост KSN е напреден квалификуван сертификат, наменет за напредни апликации.

Прикажи повеќе

Доверливост KSN+

Доверливост KSN+ е напреден квалификуван сертификат со употреба на токен, кој обезбедува зголемена сигурност на чување на сертификатот.

Прикажи повеќе

Доверливост KS

Доверливост KS е квалификуван сертификат, наменет за дигитална идентификација при користење на стандардни апликации, кој може да се користи за:

  • Пристап на апликации кои бараат користење на квалификуван сертификат во согласност со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис на Република Македонија
  • Енкрипција/декрипција на документи во електорнски облик (MS Office, PDF, Outlook)
  • Безбедна комуникација по e-пошта
  • Дигитален потпис

Карактеристики:

  • Се сместува на дискот на персоналниот компјутер
  • Во пакетот вклучени се еден пар клучеви
  • Сертификатот се издава со важност од 1, 2, 3 4 или 5 години
  • Сертификатот е осигуран на годишен износ од 100.000 €

Цени

Услуга Цени [без ддв] Цени [со ддв]
Прва активација 127 ден. 150 ден.
Годишен надомест 720 ден. 850 ден.
Отповикување на дигитален сертификат 177 ден. 209 ден.
Суспендирање на дигитален сертификат 169 ден. 199 ден.
Отповикување на суспензија 169 ден. 199 ден.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ПОПУСТ НА ГОДИШЕН НАДОМЕСТ
4 години 5 %
5 години 10 %

Македонски Телеком овозможува попусти при купување на одреден број на сертификати.

ДОВЕРЛИВОСТ KS+

Доверливост KS + е квалификуван сертификат со задолжителна употреба на токен, кој обезбедува зголемена сигурност на чување на сертификатот. Има исти карактеристики како Доверливост KS, но се чува на токен. Наменет е за стандардни апликации и може да се користи за:

  • Пристап на апликации кои бараат користење на квалификуван сертификат во согласност со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис на Република Македонија
  • енкрипција/декрипција на документи во електорнски облик (MS Office, PDF, Outlook)
  • безбедна комуникација по e-пошта
  • дигитален потпис

Карактеристики:

  • Се издава на токен
  • Во пакетот вклучени се еден пар клучеви
  • Сертификатот се издава со важност од 1, 2, 3, 4 или 5 години
  • Сертификатот е осигуран на годишен износ од 100.000 €

Цени

Услуга Цени [без ддв] Цени [со ддв]
Прва активација 127 ден. 150 ден.
Годишен надомест 720 ден. 850 ден.
Отповикување на дигитален сертификат 177 ден. 209 ден.
Суспендирање на дигитален сертификат 169 ден. 199 ден.
Отповикување на суспензија 169 ден. 199 ден.
PKI токен 1609 ден. 1899 ден.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ПОПУСТ НА ГОДИШЕН НАДОМЕСТ
4 години 5 %
5 години 10 %

Македонски Телеком овозможува попусти при купување на одреден број на сертификати.

ДОВЕРЛИВОСТ KS CLOUD

За првпат во Македонија, најновиот светски тренд за дигитално потпишување документи преку Cloud технологија, е достапен преку Доверливост KS Cloud.
Дигиталниот сертификат на корисникот се сместува и се користи на Телеком Cloud Signing Server и Hardware Secure Module (HSM) – безбеден мрежен уред на Телеком Cloud, притоа правејќи го лесно достапен во секое време и од секој уред, без негово претходно инсталирање на компјутер или на токен. На овој начин се овозможува огромна флексибилност и непречена слобода на користење, што го прави овој продукт навистина привлечен за употреба.

Оваа технологија е практикувана насекаде во светот и е комплетно безбедна, бидејќи при процесот на потпишување корисникот се авторизира со 2 независни елемента за автентикација (two factor authentication): PIN број што го знае единствено корисникот и дополнителен безбедносен код за идентификација (one time security code).

Карактеристики:

  • Приватниот клуч на корисникот се чува на високодоверлив хардверски модул за безбедност  -Hardware Secure Module (HSM) , сместен на Cloud инфраструктура на Македонски Телеком;
  • Се користи за дигитално потпишување на документи, кои корисникот ги поседува локално, на својот уред, преку Cloud Signing веб базирана апликација на Македонски Телеком;
  • Можност за потпишување PDF документи и XML фајлови;
  • Можност за вградени сигурносни временски печати како доказ за точниот час и дата на потпис;
  • Максимална големина на upload по корисник: 500 МВ;
  • Максимална големина на upload по документ: 10 МВ;
  • Временски период за складирање: 72 часа;
  • Сертификатот се издава со важност од 1, 2, 3, 4 или 5 години;
  • Сертификатот е осигуран на годишен износ од 50.000 евра.

Цени

Цени [без ддв] Цени [со ддв]
Е-токен за Доверливост KS Cloud (еднократен надомест) 399 ден. 471 ден.
Годишен надомест 720 ден. 850 ден.
Дополнителни услуги
Отповикување дигитален сертификат 177 ден. 209 ден.
Суспендирање дигитален сертификат 169 ден. 199 ден.
Отповикување суспензија 169 ден. 199 ден.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ПОПУСТ НА ГОДИШЕН НАДОМЕСТ
4 години 5 %
5 години 10 %

ДОВЕРЛИВОСТ KSN

Доверливост KSN е напреден квалификуван сертификат, наменет за напредни апликации и може да се користи за:

  • дигитална идентификација при користење на напредни апликации
  • безбедна комуникација по e-пошта
  • енкрипција/декрипција на документи
  • дигитален потпис
  • осигурување на секакви видови на дигитални податоци
  • VPN овластување
  • овластување на домен
  • е-плаќање/е-трговија

Карактеристики:

  • Се сместува на дискот на персоналниот компјутер
  • Во пакетот вклучени се два пара клучеви (еден за енкрипција , друг за потпишување)
  • Сертификатот се издава со важност од 1, 2, 3, 4 или 5 години
  • Сертификатот е осигуран на годишен износ од 150.000 €
  • Историјата се архивира во MKT (можност за повторен увид во енкритираните пораки,во случај на губење сертификатот)

Цени

Услуга Цени [без ддв] Цени [со ддв]
Прва активација 424 ден. 500 ден.
Годишен надомест 2.542 ден. 3.000 ден.
Отповикување на дигитален сертификат 177 ден. 209 ден.
Суспендирање на дигитален сертификат 169 ден. 199 ден.
Отповикување на суспензија 169 ден. 199 ден.
Промена на засебно име 253 ден. 299 ден.
Враќање на историјат 508 ден. 599 ден.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ПОПУСТ НА ГОДИШЕН НАДОМЕСТ
4 години 5 %
5 години 10 %

Македонски Телеком овозможува попусти при купување на одреден број на сертификати.

ДОВЕРЛИВОСТ KSN+

Тој е најсигурниот сертификат за широка употреба. Има исти карактеристики како Доверливост KSN, но се чува на токен.

Доверливост KSN+ е напреден квалификуван сертификат со употреба на токен, кој обезбедува зголемена сигурност на чување на сертификатот. Тој е најсигурниот сертификат за широка употреба. Има исти карактеристики како Доверливост KSN, но се чува на токен.

Доверливост KSN е напреден квалификуван сертификат, наменет за напредни апликации и може да се користи за:

  • дигитална идентификација при користење на напредни апликации
  • безбедна комуникација по e-пошта
  • енкрипција/декрипција на документи
  • дигитален потпис
  • осигурување на секакви видови на дигитални податоци
  • VPN овластување
  • овластување на домен
  • е-плаќање/е-трговија

Карактеристики:

  • Се издава на токен
  • Во пакетот вклучени се два пара клучеви (еден за енкрипција , друг за потпишување)
  • Сертификатот се издава со важност од 1, 2, 3, 4 или 5 години
  • Сертификатот е осигуран на годишен износ од 200.000 €
  • Историјата се архивира во MKT (можност за повторен увид во енкритираните пораки,во случај на губење сертификатот)

ЦЕНИ

Услуга Цени [без ддв] Цени [со ддв]
Прва активација 424 ден. 500ден.
Годишен надомест 2.542 ден. 3.000 ден.
Отповикување на дигитален сертификат 177 ден. 209 ден.
Суспендирање на дигитален сертификат 169 ден. 199 ден.
Промена на засебно име 253 ден. 299 ден.
Враќање на историјат 508 ден. 599 ден.
PKI токен 1609 ден. 1899 ден.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ПОПУСТ НА ГОДИШЕН НАДОМЕСТ
4 години 5 %
5 години 10 %

Македонски Телеком овозможува попусти при купување на одреден број на сертификати.

Зошто Дигитален Сертификат
од Македонски Телеком?

Македонски Телеком има изградено инфраструктура на јавни криптографски клучеви (Public Key Infrastructure – PKI) и е регистриран издавач на сертификати (CA – Certificate Authority), согласно законите во РМ и ЕУ стандардите, уште од 2006 год.

Македонски Телеком CA се базира на Entrust технологијата, светски лидер во областа на PKI системите, сертификациските тела и заштитата на електронското работење.

Македонски Телеком CA функционира на база на самопотпишан сертификат издаден сам од себе во процесот на креирање клучеви.

КАРАКТЕРИСТИКИ

Автентикација

Идентитетот на носителот на сертификатот е потврден.

Интегритет

Податоците што се испраќаат се заштитени од неовластени промени.

Неотповикливост

Трансакцијата не може да се оспори ниту од праќачот ниту од примателот.

Доверливост

Содржината на пораката може да ја прочита само назначениот примател.

УПАТСТВА

ДОКУМЕНТИ

Прашања и одговори

Дигиталниот сертификат во целост го заменува своерачниот потпис во електронското работење. Со него се потврдува идентитетот на потписникот и веродостојноста на потпишаниот електронски документ.

Освен за дигитално попишување на документи, дигиталните сертификати Доверливост KS/KS+ и Доверливост KSN/KSN+ може да се користат и за:

  • Пристап на апликации кои бараат користење на квалификуван сертификат во согласност со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис на Република Македонија
  • Eнкрипција/декрипција на документи во електорнски облик (MS Office, PDF, Outlook)
  • Безбедна комуникација по e-пошта
Доверливост KS, содржи еден пар клучеви

Се користи за:

  • Дигитална идентификација при користење на интернет апликации
  • Енкрипција/декрипција на документи
  • Безбедна комуникација по e-пошта
  • Дигитален потпис

Доверливост KS Cloud , содржи еден пар клучеви

Се користи за дигитално потпишување на документи, кои корисникот ги поседува локално, на својот уред, преку Cloud Signing веб базирана апликација на Македонски Телеком

Доверливост KSN sодржи два пара клучеви (еден за енкрипција , друг за потпишување)
Се користи за:

  • Дигитална идентификација при користење на напредни апликации
  • Историјата се архивира во MKT (можност за повторен увид во енкритираните пораки,во случај на губење сертификатот)
  • Енкрипција/декрипција на документи
  • Безбедна комуникација по e-пошта
  • Дигитален потпис

KS+ и KSN+ сертификатите се чуваат на токен, KS и KSN се сместува на дискот на персоналниот комјутер, додека KS Cloud издава на Hardware Secure Module уред (HSM) –безбеден мрежен уред сместен на МКТ Cloud
За правни лица, корисникот треба:

  • 1. Да пополни Формулар за добивање на Дигитален сертификат во кој ќе ги наведе следните податоци:

    • Назив на правното лице;
    • Лични податоци за одговорното лице (законски застапник на правното лице) запишано во централен регистар или од него овластено лице и
    • Лични Податоци за носителот на сертификатот

  • 2. Да пoтпише договор за користење на услугата Дигитален сертификат

  • 3. Да приложи Документ за лична идентификација (валидна лична карта или пасош)

  • 4. Да поднесе Решение од централен регистар или тековна состојба

За физички лица, корисникот треба:

  • 1. Да пополни Формулар за добивање на Дигитален сертификат

  • 2. Да приложи Документ за лична идентификација (валидна лична карта или пасош)

  • За инсталација и активирање на дигиталниот сертификат, со склучување на договорот за користење на дигитален сертификат, Македонски Телеком ви доставува авторизацискиот код и референтниот број. Референтниот број го добивате преку e-пошта, додека авторизацискиот код го добивате по SMS.
Во зависност од важите потреби, сертификатите се издаваат со важност од 1 до 5 години
Токенот е сигурносен уред кој се користи за чување на дигиталниот сертификат и е заштитен со PIN. Обезбедува највисок степен на заштита со два независни елементи за автентикација (two factor authentication): PIN бројот што само Вие го знаете и токенот кој го поседувате.

Често се применуваат и следниве терми: "USB токен", "dongle" and "digital signature token"

Со токенот корисникот може да врши дигитално потпишување или енкриптирање на документи и авторизација на комјутерски системи
Hardware Security Module (HSM) е физички процесирачки мрежен уред на кој се чуваат дигиталните клучеви во криптирана форма. Обезбедува високо ниво на безбедност при автентификација. Криптирањето на приватните клучеви се изведува со помош на два параметри: корисничкиот PIN кој го знае исклучиво крајниот корисник и master клуч кој е зачуван на HSM уредот и никогаш не го напушта истиот.

ДИГИТАЛЕН
СЕРТИФИКАТ
ЗА ПЕЧАТ

Корпоративни печати за
електронско работење

ЕЛЕКТРОНСКИ ПЕЧАТ

Електронскиот печат е дигитален сертификат наменет за нанесување корпоративен печат на документите кои ги издавате во електронски облик.

Ги заменува печатите на правните лица и институции кои вообичаено се користат за хартиени документи.

Со електронскиот печат ја потврдувате веродостојноста на вашите документи, како и вашиот бизнис (деловен) идентитет.

ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПЕЧАТ?

Електронскиот печат е веродостојна потврда дека електронските документи се издадени од соодветно правно лице и се користи за заверка на различни електронски документи, фактури, потврди, извештаи, договори, персонални електронски документи, закони или поточно:

КВАЛИФИКУВАНИ ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ПЕЧАТ

Времетраење Цени без ДДВ Цени со ДДВ
1 година 5.900 ден. 6.962 ден.
2 година 9.900 ден. 11.682 ден.
3 година 13.900 ден. 16.402 ден.

Се наплаќа еднократно за целиот период на користење на дигиталниот сертификат за печат.

Дигиталните сертификати за електронски печат можат да бидат сместени на дискот на персоналниот компјутер или на токен.

Дигиталниот сертификат за печат кој се сместува на персоналниот компјутер на корисникот е осигуран на годишен износ од 25.000 евра.

Дигиталниот сертфикат за печат кој се сместува на токен е осигуран на годишен износ од 50.000 евра.

Цената за PKI токен е 1.609 денари (без ДДВ).

Македонски Телеком нуди и опција вашиот електронски печат да Ви биде издаден на ваш Hardware Secure Module (HSM) – безбеден мрежен уред – чијашто цена е варијабилна во зависност од вашите специфични потреби.