Е-пратка е услуга која овозможува електронска препорачана испорака на документи меѓу јавните институции, преку националната платформа за интероперабилност. Услугата е креирана и имплементирана согласно законските норми во РМ, а се реализира на Telekom Cloud, достапна веднаш и без почетни инвестиции за вас.