Smart WINE

ПАМЕТЕН НАЧИН НА
ПРОИЗВОДСТВО НА ВИНО

ШТО Е SMART WINE?

Комплетно решение за интелигентен, енергетски ефикасен и напреден мониторинг систем на лозови насади.

Со Smart Wine автоматизирајте го процесот на производство на грозје и користете целосно еко-решение со кое ќе ги намалите трошоците за енергија, вода и хемикалии.

Што добивам со smart wine?

24-часовен мониторинг систем кој во реално време информира за состојбата на лозовите насади преку безжична сензорска мрежа:

Придобивки

ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА
НА ПОДАТОЦИТЕ
Следените параметри се складираат во централна база, се прави обработка во реално време и се претставува едноставен графички приказ лесен за следење на промените.
АВТОМАТИЗАЦИЈА
И МОДЕРНИЗАЦИЈА
Воведува автоматизација и модернизација во земјоделството во секоја фаза од процесот на производство на грозје за вино, со сензорска мрежа и комуникација на податоци.
ДОСТАПНОСТ
И СИГУРНОСТ
До информациите се пристапува од која било локација преку интернет. Податоците се сигурни, бидејќи се складирани во најбезбедниот податочен центар во Република Македонија.
ЗАШТЕДА
Smart Wine им обезбедува на производителите на вино одржливо управување, следење на потрошувачката на ресурси, намалување на трошоците за енергија, вода и користење на пестициди.

ПРЕпорачани СЕНЗОРСКИ
КОНФИГУРАЦИИ

Во решението e интегрирана група сензори креирани специфично за земјоделски апликации т.е. за следење на лозјата.

Сензорите ги мерат внатрешните, надворешните, како и параметрите на почвата и растението.

основна
сензорска
конфигурација

Libelium - Plug & Sense! SA 3G
6600mAh батерија на полнење
+ надворешен соларен панел 7V
+ 65,00 10 650,00 500mA
Дигитален сензор/сонда за
влажност и температурата на воздух
Дигитален сензор за
температура на почва (DS18B20)
Сензор за брзина и правец
на ветар + количина на дожд*
Сензор за влажност на почва
(должина на кабел 4,5m длабочина 40 cm)
Сензор за влажност на лисја

напредна
сензорска
конфигурација

Libelium - Plug & Sense! SA-PRO 3G
6600mAh батерија на полнење
+ надворешен соларен панел 7V
+ 65,00 10 650,00 500mA
Аналоген сензор за
температура на почва (PT-1000)
Дигитален сензор за
температура на почва (DS18B20)
Сензор сонда за сончево зрачење
Сензор за влажност на почва
(должина на кабел 4,5m длабочина 40 cm)
Сензор за влажност на лисја
Дендрометар – сензор за дијаметар
на овошка или стебло или гранка**

(*) Интервалот на мерење на сензорите е на 20 минути, а со тоа при обилни дождови можно е да има отстапување од реално паднатата количина на дожд на метар квадратен во текот на целиот ден.

(**) Дендрометарот се соджи од 3 различни сензори каде што корисникот може да избере една или воопшто да не ја избере оваа опција.

Дали сакате да видите
како функционира Smart Wine?

Погледнете го демото. Видете дали тоа одговара на вашите потреби и ако сакате и во иднина да го користите Smart Wine,
ве молиме контактирајте нė на smartwine@telekom.mk

ТЕХНОЛОГИЈА

За да го користите Smart Wine, единствено се поставува сензорска мрежа и нема други предуслови!
Потоа сė што ви е потребно е веб прелистувач и интернет конекција!

  • Мерни локации (анг. motes) со можност за 6 прикачени сензори (во зависнот од поттебите)
  • Независна комуникација од секоја мерна локација до централната база преку GPRS/3G мрежа
  • Централна база на податоци за чување на измерените вредности
  • Интернет апликацијa за корисничко набљудување (од далечина) и анализа на пареметрите од интерес

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации за Smart Wine, ве молиме контактирајте нė на smartwine@telekom.mk
или закажете лична презентација во вашите простории.

Креирано во партнерска соработка со:

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И
ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

Прашања и одговори

По инсталација на сензорската конфигурација во насадите кои сакате да ги мониторирате ќе добиете веб пристап од каде што ќе имате преглед на гроздовиот насад преку Google maps, резултати по сензор, статистика за движењата по сензор, аларм за известување кога некој параметар ќе излезе од дефинираните норми и преглед на аларми.
Сензорската конфигурација претставува комбинација од сензори кои мерат различни параметри. Една сензорска конфигурација се состои од еден мот и 6 сензора.
Наша препорака се основната и напредната сензорска конфигурација, но комбинацијата на сензорите може да се промени во зависност од корисничките потреби.
Мерна локација (мот) е точка со која комуницираат поставените сензори и ги пренесуваат резултатите во централната база. Една мерна локација поддржува најмногу 6 сензори.
Бројот на сензорски не е ограничен, со тоа што една мерна локација (еден мод) поддржува најмногу 6 сензори. Колку повеќе сензорски конфигурации се поставени толку попрецезни ќе бидат мерењата.
Да, на веб апликацијата дозволено е логирање на претходно дефинирани корисници со одредени привилегии.