Smart cloud organizer

ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ ЗА БРЗО И ЕДНОСТАВНО
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА ЕДНА КОМПАНИЈА

ШТО Е SMART CLOUD ORGANIZER(SCO)?

SCO e cloud решение наменето за продуцентски куќи, рент-а-кар компании, маркетинг агенции, туристички агенции и сите други мали и средни компании кои вршат слични услуги и резервација на ресурси. Опфаќа се што на една современа копманија и е потребно, од нарачка па се до издавање на фактура и следење на резултатите од работењето.

КАКО SCO МОЖЕ ДА МИ ПОМОГНЕ?

Што сė треба да направите за да организирате настан за само еден клиент на вашата агенција? Да го одредите датумот на настанот, да резервирате локација, да обезбедите ентериер и опрема, да го декорирате просторот, да ја дефинирате листата на учесници, да ги платите фактурите на вашите добавувачи, да издадете фактура до вашиот клиент, да ја следите наплатата...

Што се случува кога истото треба да го направите за стотиците клиенти кои ги имате? Треба да управувате со огромен број на локации, капацитети, учесници, клиенти, наплати, исплати...

Smart Cloud Organizer е решение КОЕ ГО ПОЕДНОСТАВУВА И АВТОМАТИЗИРА СЕТО ОВА!

Погледнете го примерот. Видите кои се чекорите во процесот на работење кои SCO ги организира и автоматизира:


  • Креирате профил на клиент
  • Креирате контакт детали
  • Одредувате датум на настанот
  • Изнајмувате локација
  • Ги дефинирате трошоците на настанот

Придобивки

СÉ НА ЕДНО МЕСТО, ДОСТАПНО ОД СЕКАДЕ

Прегледност на сите ангажирани и расположливи ресурси со кои управувате, и достапност до вашите најнови информации од било која локација.

ЕДНОСТАВНОСТ

SCO е едноставен за користење. Никакво претходно искуство со користење на апликации не Ви е потребно. На лесен автоматизиран начин креирате договори, фактури и генерирате извештаи.

СИГУРНОСТ

Сите податоци се сместени во најбезбедниот дата центар на Македонски Телеком, без да се грижите дека ќе ги изгубите податоците ако компјутерот Ви се расипе. Податоците секогаш ќе бидат сигурни и достапни само за Вас.

ЗАШТЕДА

СSO можете да го пробате бесплатно 30 дена без никакви обврски. Ќе ви помогне да заштедите време и пари преку постигнување поголема ефикасност во работењето.

ЦеНИ и спецификација

Smart Cloud Organizer е достапен во 2 пакета:

Во табелата подоле се можностите на секој од пакетите со нивните цени:

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

SCO BASIC

  • Внес на клиенти во база (артисти, промотори, агенции за резервација, хотели итн.)
  • Креирање на резервацијата
  • Прикачување придружни документи
  • Детален роковник со резервации на ресурси
  • Автоматско креирање и пополнување договори
  • Е-нотификација за резервација и настани
  • 1.699 ден.
  • 2.005 ден.

SCO STANDARD

  • Внес на клиенти во база (артисти, промотори, агенции за резервација, хотели итн.)
  • Креирање на резервацијата
  • Прикачување придружни документи
  • Детален роковник со резервации на ресурси
  • Автоматско креирање и пополнување договори
  • Е-нотификација за резервација и настани
  • Креирање про-фактури и фактури
  • Креирање план за динамика на наплата на фактурите (плаќање на рати)
  • Евиденција на уплати со роковник
  • Автоматско креирање и пополнување фактури
  • Креирање фактури за дополнителни услуги
  • Генерирање извештаи за остварена добивка и моментална листа на платени и неплатени фактури
  • 2.499 ден.
  • 2.949 ден.

Дали сакате да видите како функционира Smart Cloud Organizer?

Ви нудиме 30 дена бесплатен пробен период! Без надоместоци, без обврски! Пробајте го нашето Cloud решение. За помош погледнете го и корисничкото упатство и видете дали тоа одговара на вашите потреби. Ако сте задоволни со овој производ и би сакале во иднина да го користите, ве молиме контактирајте нė на sco@telekom.mk

Сакам да го пробам SCO!
За помош погледнете го корисничко упатство

Технологија

Нема потреба од инсталации, нема потреба од нов софтвер, нема предуслови! Сė што ви е потребно е веб прелистувач и интернет конекција!

Smart Cloud Organizer е базиран на Server (Glass Fish) и Oracle REST Data Services и работи на Apache Server. За безбедноста на вашите податоци, ние користиме Oracle Database 11g Express Edition.

Апликацијата можете да ја користите преку кој било веб прелистувач: Explorer 7.0+, Mozilla Firefox 3.0+, Opera или Google Chrome.

Дополнителни информации

Ако ви се потребни дополнителни информации за продуктот, ве молиме контактирајте нė на sco@telekom.mk или закажете лична презентација во вашите простории.

Креирано во партнерска соработка со: smo

Референци

eemm logo csa logo

Прашања и одговори

Да. Можете да го користите Smart Cloud Organizer бесплатно во период од 30 дена, без било какви финансиски обврски. Во овој период можете да ги тестирате сите функционалности од избраниот пакет. По истекот на пробниот период, можете да изберете кој било од пакетите кои се наплаќаат.
Да, можете да мигрирате од поголем кон помал пакет и обратно. Пред да мигрирате кон помал пакет, ве молиме имајте предвид дека имате ограничувања на функционалностите.
Со една лиценца следува едно корисничко име. Напомена: Даденото корисничко име истовремено може да се користи од повеќе корисници чие работење ќе биде врз база на критериумите за конкуренто пристапување до исти податоци во исто време.
Да, услугата поддржува повеќе кориснички улоги, а тоа го овозможува купувањето на дополнителна лиценца. Доделувањето на кориснички улоги ќе биде од страна на примарното корисничко име.
Да, можете да прикачувате документи во различни формати (pdf, docx, jpg, png etc.).