office-365

СИТЕ КАНЦЕЛАРИСКИ АЛАТКИ НА ДОФАТ

Сакате да бидете постојано поврзани со партнерите, корисниците и вработените... од секоја локација, од секој уред, во секое време од денот... да подготвувате документи во Word, пресметки во Excel, презентации во PowerPoint, да комуницирате по е-пошта, да споделувате документи преку OneDrive, да одржувате Skype for Business Online состаноци, да ја следите тимската работа со SharePoint, Teams, Yammer... преку современи и сигурни алатки.

Office 365 е решението за вас.

ДОПОЛНИТЕЛНИ АЛАТКИ И УСЛУГИ

Exchange Online, деловнa е-пошта синхронизирана на сите уреди со 50 GB простор по сандаче, со која можете брзо и едноставно да праќате е-пораки, да управувате со своите контакти и со своето време, користејќи ги напредните календарски опции и адресар.
Skype for Business, алатка за веб конференција, која овозможува едноставна и навремена комуникација со вработените и соработниците.
One Drive for Business , со 1 ТB онлајн простор за чување/едитирање на документи, кои можете да ги споделувате со вработените или соработниците од кој било уред во и надвор од канцеларијата.
SharePoint , интранет портал за заедничка работа што овозможува истовремена работа и достапност на ист документ за сите вработени.
Yammer , социјална мрежа за компаниска комуникација.
Microsoft Тeаms, за поврзување на вработените во тимови и заедничко користење на алaтки, содржини и ресурси.

Сите документи и информации кои ги креирате преку апликациите и услугите содржани во Office 365, ќе Ви бидат достапни 365 дена, 24/7, на секој Ваш уред, во секое време.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ
НОВИОТ OFFICE 365?

За сите бизнис корисници кои сакаат

Придобивки

Fleksibilnost

ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Без договорни обврски, плаќате месечно преку вашата Телеком сметка, со едноставно додавање или одземање на лиценците според вашите бизнис потреби.
Dostapnost

ДОСТАПНОСТ

Документите се синхронизираат во реално време на сите уреди.
Sigurnost

СИГУРНОСТ

Највисоките стандарди за безбедност, за комплетно сигурни податоци.
Lokalna tehnichka poddrska

КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА

Локална корисничка поддршка 24/7, 365 дена во годината, на тел. 070120; Напредна поддршка во период од 08:00 – 18:00 од понеделник до петок, од тим на сертифицирани експерти.

Office 365 пакети и понуди

Корисниците на Magenta 1 Business можат да одберат од Оffice 365 Business пакетите со 20% попуст на месечниот надомест на услугата.

  Business пакети Enterprise пакети
Карактеристики на пакетот Office 365
Business Essentials
Office 365
Business
Office 365
Business Premium
OFFICE 365
ENTERPRISE E3
Месечен надомест
249262
денари месечно
399419
денари месечно
599629
денари месечно
9991049
денари месечно
Број на корисници До 300 До 300 До 300 300 +
Office Десктоп/Таблет/Мобилни апликации
i

Office апликации за PC/MAC, iOS, Android или Windows уред, кои дозволуваат креирање и уредување на документи со Office апликациите каде и да се наоѓате

Word Excel PowerPoint Outlook
i

Корисниците на Business едицијата својата е-пошта од бизнис-класа можат да ја поврзат со: најновата верзија на Outlook, Outlook 2013 и Outlook 2011 за Mac. Претходните верзии (Outlook 2010 и 2007) можат да работат со Office 365 со намалена функционалност

OneNote
Access
i

Publisher и Access може да се инсталираат само на PC.

Publisher
i

Publisher и Access може да се инсталираат само на PC.

Word Excel PowerPoint Outlook OneNote Access
i

Publisher и Access може да се инсталираат само на PC.


Publisher
i

Publisher и Access може да се инсталираат само на PC.

Skype
i

Верзијата на Skype for Business вклучена во Office 365 Business Essentials и Premium не вклучува PSTN.

Word Excel PowerPoint Outlook OneNote Access
i

Publisher и Access може да се инсталираат само на PC.


Publisher
i

Publisher и Access може да се инсталираат само на PC.

Skype
i

Верзијата на Skype for Business вклучена во Office 365 Business Essentials и Premium не вклучува PSTN.

Office веб апликации (office Online)
i

Креирајте и уредувајте документи со веб верзијата на Office апликациите , Word, Excel, PowerPoint и Outlook, преку веб прелистувач.

Простор за складирање и споделување датотеки(OneDrive, 1ТВ/корисник)
i

Едноставна размена на документи во и надвор од Вашата компанија со складишен простор од 1 ТВ по корисник, со контрола кој може да ги гледа и изменува документите

E-пошта (Exchange Online; 50 GB/корисник)
i

Business-class e-пошта со 50 GB mailbox по корисник и пристапувајте до него преку вашиот PC или преку веб прелистувач

Online состаноци и HD видео конференции и директни пораки (Skype for Business, HD video)
i

Комуницирајте преку директни пораки, гласовни и видео повици и известете ги соговорниците за вашата достапност преку онлајн статус (Skype for Business, HD video)

Компаниски Интранет портал (Microsoft SharePoint)
i

Информирајте ја и вклучете ја вашата организација и поврзете ги вработените со квалитетни содржини, експертиза и процеси

Колаборативни алатки (Microsoft Teams и Yammer)
i

Дозволете им на Вашите вработени да напредуваат и да бидат ефикасни да бидат поврзани со вистинските луѓе и да споделуваат содржини меѓу тимовите за проектите на кои работат.

БЕСПЛАТНА 24\7 ЛОКАЛНА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА

(Што вклучува, проверете во “Имате дополнителни прашања”)

FastTrack поддржана инсталација (Бесплатно за купени над 50+ лиценци )

Производителот на Office 365 услугата го задржува правото да направи промена на апликациите и услугите достапни во понудените пакети.

Имате дополнителни
прашања?

Ви стоиме на расплагање за контакт!

Најчесто поставувани прашања

Office 365 е пакет услуги кој вклучува пристап до Office апликации и Cloud услуги овозможени преку интернет (како што се Skype for Business за веб конференции, Exchange Online деловна е-пошта, дополнителен онлајн дисковен простор со OneDrive for Business итн. ) .

Повеќето Office 365 пакети ги вклучуваат најновите десктоп верзии на Office апликациите: Word, Excel, PowerPoint, Outlook, OneNote, Publisher и Access (Publisher и Access се достапни само на персонален компјутер). Апликациите можете да ги инсталирате на повеќе уреди, вклучувајќи PC, Mac, Android таблети, Android телефони, iPad и iPhone. Кога имате активен Office 365 пакет кој вклучува и десктоп апликации, секогаш ја имате најновата верзија на апликациите.

Office 365 пакетите кои вклучуваат само онлајн верзии на апликациите се одличен избор за одредени деловни потреби. Тие се направени да работат со најновата верзија на Office, Office 2013, Office 2016 и Office 2011 за Mac. Претходните верзии на Office, како што се Office 2010 и Office 2007, можат да работат со Office 365, но со намалена функционалност.

Сите Office 365 пакети од понудата на Македонски Телеком се плаќаат на месечна основа, преку Телеком месечна сметка.

Microsoft Office е поим кој и понатаму се користи за познатиот софтвер за продуктивност, кој ги опфаќа апликациите како Word, Excel, PowerPoint Outlook и OneNote. Тие се купуваат како еднократна набавка. Апликациите не се ажурираат автоматски, и за да ја добиете последната верзија, потребно е повторно да го купите продуктот кога најновата верзија ќе биде достапна. Пакетите можат да се инсталираат само на еден уред и не ги опфаќаат Cloud услугите од Office 365.

Office 365 е направен да работи со најновата верзија на Office, Office 2013, Office 2016 и Office 2011 за Mac. Претходните верзии на Office, како што се Office 2010 и Office 2007, можат да работат со Office 365, но со намалена функционалност. Повеќе детали за тоа кои верзии на Office се поддржани. Доколку имате Office 2003 или претходна верзија, за да можете да го користите Office 365 потребно ќе биде да ја ажурирате во понова верзија на Office. Или пак, можете да се претплатите на еден од Office 365 пакетите кои ја вклучуваат најновата верзија на Office. Со тоа освен што ќе ја добиете најновата верзија на Office како дел од Вашата Office 365 претплата, ќе добиете и автоматски ажурирања исто така. Споредете ги Office 365 пакетите.

Office може да се инсталира поединечно по корисник најмногу до 5 PC или Mac, 5 таблети и 5 паметни телефони.

За инсталирање и активирање на Office 365 потребен е интернет пристап. Исто така, интернет пристап е потребен и за пристап на Cloud услугите што се вклучени во Office 365, како што се деловна е-пошта, Skype for Business, Yammer, One drive итн.

Office 365 Business, Business Premium и Office 365 Enterprise E3 се пакети кои вклучуваат и десктоп верзија на Office апликациите - Word, Excel, Power Point, Оoutlook, One note, Publisher и Access. Една од придобивките што ја имате со десктоп верзијата на Office апликациите е тоа што можете да работите офлајн и да бидете сигурни дека следниот пат кога ќе се поврзете на интернет, целокупната ваша работа и документи автоматски ќе се синхронизираат. Исто така, Вашата десктоп верзија на Office автоматски се ажурира и се надградува кога ќе се поврзете на интернет, така што секогаш ги имате најновите Office алатки.

Cloud е едноставен начин за опишување на веб-базирани услуги хостирани надвор од Вашата компанија. Кога користите Cloud услуги, вашата ИТ инфраструктура се наоѓа надвор од вашите деловни простори (off-premises) и нејзиното одржување го врши компанијата каде што се хостира решението. Во случај со Office 365, софтверското решениe се хостира во дата центрите на Microsoft.

Многу услуги што ги користите секојдневно се дел од Cloud, од е-пошта до мобилно банкарство и онлајн складирање фотографии. Бидејќи инфраструктурата се наоѓа онлајн односно во Cloud, можете да пристапите до неа практично од секаде, од компјутер, таблет, паметен телефон или друг уред со интернет конекција.

Office 365 е високо скалабилнo решение кое може да поддржува компании со само еден или со неколкумина вработени, до компании со десетици илјади корисници:

  • Office 365 - Essential, Business и Business Premium пакетите се наменети за компании од еден до 300 корисници (вработени);
  • Office 365 Enterprise E3 е наменет за компании со повеќе од 300 корисници (вработени).

Office ги обезбедува следниве апликации:

  • Office за Android ™/ iPad®: Преглед, креирање и уредување документи со помош на Word, Excel и PowerPoint апликаци, и наменети за уреди со екрани на допир. Можете да сметате дека со Office за Android/iPad документот ќе ги задржи непроменети содржината и формата, така што документот ќе изгледа одлично кога ќе се вратите на вашиот компјутер или Mac. Во Word,  додавајте коментари или следете ги промените кога работите заедно со други. Прегледувајте и ажурирајте ги табелите во  Excel и лесно додавајте формули или графикони. Правете промени во PowerPoint презентациите и проектирајте ги безжично на голем екран.

    Можете бесплатно да ги гледате документите со Office за Android/iPad, додека, пак за нивно  уредување и креирање потребна Ви е соодветна претплата на Office 365: Office 365 Business, Office 365 Business Premium или Office 365 Enterprise E3.
  • Office Mobile: Office Mobile е претходно инсталиран на Windows Phone 8 мобилни уреди и е достапен за одредени модели на iPhone® и Android телефони. Office Mobile нуди одлични можности за гледање Office содржини и способности за уредување на содржините Секогаш можете да сметате на Office Mobile за да ги задржите непроменети содржината и форматирањето, така што документот сè уште ќе изгледа одлично кога ќе се вратите на вашиот компјутер или Mac. Office Mobile за iPhone и Android телефони може да се користи бесплатно за некомерцијална употреба, едноставно ја преземате апликацијата од APP Store или Play Store  на вашиот телефон.

    За уредување или креирање  документи или за да пристапите до документите  зачувани во рамки на SharePoint и OneDrive for Business, мора да имате соодветен пакет од Office 365: Office 365 Business Premium или Office 365 Enterprise E3.
  • Outlook Mobile: Windows Phone 8 за мобилни уреди вклучува претходно инсталирана верзија на Outlook која можете да ја користите за пристап до Outlook.com, Office 365 или Exchange e-mail.
  • OneNote: Можете да ја користите мобилната апликација OneNote за да пристапите до вашите белешки додека сте во движење. Оваа апликација е достапна на Windows Phone 8, iPhone, iPad и Android телефони.
  • OWA (Outlook Web App): Ако имате претплата за Office 365 која вклучува Exchange Online, можете да ја користите апликацијата OWA за сортирање, скенирање и работе со е-пошта, бидете во тек со вашиот распоред. Оваа апликација е достапна на iPhone и iPad.
  • Skype for Business Mobile: Ако вашата компаниjа користи Skype за бизнис или најновата верзија на Lync, можете да ја користите мобилната апликација Lync или апликацијата Skype for Business за да останете поврзани додека сте на вашиот мобилен уред. Оваа апликација е достапна на Windows Phone 8, iPhone, iPad и Android телефони.
  • Newsfeed на SharePoint: Доколку Вашата компанија ја користи најновата верзија на SharePoint, можете да ја користите апликацијата SharePoint Newsfeed за да пристапите до вашиот Newsfeed од вашиот мобилен уред. Оваа апликација е достапна на Windows Phone 8, iPhone и iPad.

Office 365 може да почнете да го користите  веднаш, без инсталација. Но, за да ги користите десктоп верзиите на Office апликациите (Word, Excel, PowerPoint, Outlook, OneNote, Access, Publisher), потребно е истите да ги инсталирате на вашиот компјутер или Mac. Инсталацијата може да ја направите со најавување на www. office.com, со кликнување на Install Office Apps копчето или преку линкот https://portal.office.com/OLS/MySoftware.aspx

Исто така така инсталацијата може да се направи директно преку админ центарот на Office 365.

Доменот што го поседувате можете да го додадете во Office 365 за да креирате доменски базирана е-пошта. За да го додадете веќе регистрираниот домен на својата компанија во Office 365, потребно е да знаете каде е тој регистиран и да ги имате информациите за најавување. Доколку  Вие немате пристап, може да се обратите до одговорното лице во вашата компанија задолжена за управување со домен-и. Доколку пак, немате сопствен домен, можете да го регистрирате тука https://www.telekom.mk/registracija-na-domeni.nspx

За да го нагодите вашиот домен, да ги доделите лиценците на вашите вработени/корисници и да им ги овозможете алатките од одбраната Office 365 услуга и да ја мигрирате вашата е-пошта во Office 365, најавете се на https://portal.office.com и следете ги чекорите од корисничкото упатство

За далечинска корисничка поддршка обратите се на тимот за корисничка поддршка на Македонски Телеком, на телефон 120.

Доколку Ви е потребна on-site техничка помош, обратете се на вашиот продажен агент. Доколку немате Ваш продажен агент, обратете се на biznis.kontakt@telekom.mk

Далечинска корисничка поддршка за Office 365 вклучува помош при:

  • Најавување;
  • Доделување лиценци на корисниците/вработените;
  • Конфигурација на мобилните уреди на Office 365;
  • Миграција на документи на OneDrive;
  • Внесување постоен домен
  • Миграција на е-пошта на Exchange online како дел од Office 365. Предуслови:
    • До 5 GB е-пошта на претходно користената е-адреса;
    • Серверот до којшто треба да се пристапи е во исправна состојба (да не се појавуваат грешки од типот: Connection timeout, Port is locked и сл.);
    • PST миграција вклучува експорт на стари поштенски сандачиња (сите фолдери, календар, контакти) и нивни импорт во Office 365 (вклучува и поставување на новиот профил на е-поштата на корисникот). Предуслов е претходно да бидат инсталирани сите апдејти за Windows OS и Office;


НАПОМЕНА:

  1. Напредна техничка поддршка е достапна од 8 до 18 часот.
  2. Поддршката е исклучиво со далечински пристап до компјутерот на корисникот и не вклучува on-site поддршка;
  3. Клиентот кој има ADSL, треба да знае дека за префрлање на податоците ќе бидат потребни и неколку дена, во зависност од големината на податоците;

За дополнителна помош и упатства, посетете ја веб-страницата www.office.com/support

За да добиете видео запис за бесплатна  обука, посетете ја веб-страницата www.office.com/training

Купивте Office 365. Добивте e-порака со податоци за пристап. Што е следно?
Најавете се во Office 365 (на подолу наведените линкови) за да можете да пристапите на e-пошта, календар, тимскиот портал, на OneDrive for Business и останатите услуги.
Искористете ги следниве линкови за пристап и нагодување:

СЕРВИС Линк кој треба да го внесете во вашиот веб прелистувач:
Најава во Office 365 https://login.microsoftonline.com
Најава во  Office.com https://office.com
E-пошта (е-mail) http://mail.office365.com
Тимска веб-страница SharePoint https://.sharepoint.com/
OneDrive for Business https://.sharepoint.com/personal/_/
Кратка содржина на вести https://-my.sharepoint.com
Јавна веб-локација https://-public.sharepoint.com
Може да го користите и својот домен. http://www.contoso.com

Лозинката можете да ja промените тука Microsoft Online portal.  Доколку Ви е потребно повторно да ја поставите, обратете се на својот администратор.

За Office 365 услугата, плаќате месечен надомест согласно избраниот тип на Office 365 пакет и бројот на лиценци, преку месечна сметка во Македонски Телеком.

Да, доколку е потребна надоградба на услугите можете да го промените пакетот. На пример, можете да се надоградите од Office 365 Business на Office 365 Business Premium или од Office 365 Business Essential во Business Premium. Исто така, надградбата може да биде од некој од Business пакетите (Office 365 Business Essential, Business и Business Premium) во некој од Enterprise Е3 пакетот. За тоа, обратете се на вашиот продажен агент или јавете се на 120.

ЗАБЕЛЕШКА: Кога го надградувате вашиот пакет, името на вашиот домен се префрла на вашиот нов пакет, без разлика дали сте донеле сопствен домен на сметката на Office 365 или сте поставиле домен со Office 365.

Да, можете да комбинирате различни типови на Office 365 пакети. Единствено постои ограничувања во однос на бројот на лиценци кај Business пакетите. При нарачка на само еден тип на пакет од Business пакетите, количината не треба да надмине повеќе од 300 лиценци. Во случај на комбинација на повеќе Business пакети, кумулативната бројка повторно не треба да надмине количина од 300 лиценци. На пример, можете да купите 120 Business Essentials лиценци, 180 Business Premium лиценци (вкупно за Business пакетите е 300 лиценци).

Комбинацијата може да биде и меѓу Business и Enterprise пакетите, во случај кога бројот на вашите крајни корисници е поголем од 300.

Да, можете да ја откажете претплатата за Office 365 во секое време.

Вашите податоци се само Ваши. Секогаш треба да ги зачувате вашите податоци пред да ја откажете услугата. Доколку се одлучите да ја откажете Office 365 услугата, податоците поврзани со вашата сметка на Office 365 ќе бидат достапни на вашиот администрaторски портал во рок од 90 дена. Во овој период можете да ги преземете вашите податоци и да ги зачувате на друга локација. По истекот на овој период, податоците нема да можат да се преземат.

24/7 Јавете се на 070 120