ХОСТИРАНА
ДЕЛОВНА ПОШТА

Вашите е-пораки, контакти, календар и задачи.
Сè на едно место. Достапно од секаде.

Што е Хостирана деловна пошта?

Хостирана деловна пошта е професионално решение за онлајн комуникација што интегрира е-пошта, контакти, календар, задачи, документи и папки.

Со Хостирана деловна пошта можете брзо и едноставно да праќате е-пораки од кој било компјутер или смартфон, да управувате со своите контакти и своето време, користејќи ги напредните календарски опции и адресар, како и да креирате задачи и да го следите нивното реализирање. Притоа, вашата е-комуникација е безбедна, со вклучената енкрипција и можност за обнова на трајно избришана пошта.

За кого е наменета услугата
Хостирана деловна пошта?

ПРИДОБИВКИ

Достапност

Пристапете до вашите е-пораки, календар, контакти и задачи од секој паметен уреди од секаде преку интернет.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Самостојно администрирање на вашите компаниски е-сандачиња.

ЕФИКАСНОСТ

Едноставно споделувајте ги вашите е-пораки, документи, календар, адресар или задачи со колегите или соработниците.

ЗАШТЕДА

Без потреба од инвестиции во сервери и лиценци и без трошоци за одржување. Единствено плаќајте месечен надомест според избраниот пакет. Без обврски за лојаност.

БЕЗБЕДНОСТ

Вашата е-комуникација е безбедна, со вклучена енкрипција и можност за обнова на трајно избришана пошта.

Професионална техничка поддршка

24/7 достапност на Службата за техничка поддршка на Mакедонски Tелеком Напредна поддршка 8 часа 5 работни денови во неделата.

КАРАКТЕРИСТИКИ

ЦЕНИ И СПЕЦИФИКАЦИЈА

Стандардното поштенско сандаче има 2 GB простор за складирање


Професионалното поштенско сандаче има 10 GB Професионалното поштенско сандаче

Актовка папка која овозможува користење на 10 GB простор од поштенскот сандаче за складирање, споделување и колаборација на документите.

Стандарден пакет
Професионален пакет
Цени без ДДВ
Цени со ДДВ

XS

5 Сандачиња

899
денари месечно

S

10 Сандачиња

1.799
денари месечно

M

25 Сандачиња

4.299
денари месечно

L

50 Сандачиња

8.299
денари месечно

XL

100 Сандачиња

16.299
денари месечно

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Цени без ДДВ
Цени со ДДВ

Актовка 2 GB ПРОСТОР

29
денари сандаче за пораки

Екстра простор за складирање 5GB простор

49
денари сандаче за пораки

Екстра стандард сандаче за пораки 2 GB простор

209
денари пакет

Екстра професионално сандаче за пораки 10 GB простор

269
денари пакет

АПЛИКАЦИИ

Desktop клиент

КОНЕКТОР ЗА MICROSOFT OUTLOOK


MICROSOFT OUTLOOK PST АЛАТКА ЗА ИМПОРТИРАЊЕ

УПАТСТВО

ТЕХНОЛОГИЈА

Услугата се реализира на Telekom Cloud редундантна високодостапна виртуелна платформа на sofware as a service решение базирано на Zimbra Colaboraton Suite.

Прашања и одговори

За користење на услугата потребно е:

  • интернет врска
  • компјутер, лаптоп, смартфон или таблет
  • регистриран јавен домен
  • DNS регистрација на серверите на Македонски Телеком што е потребна за е-комуникација и веб пристап на секое поштенско сандаче што е активирано со пакетот.

Напомена:

  1. Со кој било пакет, корисникот добива една DNS регистрација. Доколку претплатникот не користи DNS услуга од Македонски Телеком, Македонски Телеком ќе му ги пренесе потребните податоци на претплатникот за мејл серверите, потребни да се вметнат во DNS записот кај неговиот DNS провајдер.
  2. Сите дополнителни барања на претплатникот за регистрација на домен на Македонски Телеком DNS серверите ќе се реализираат како дополнителна услуга во Хостирана деловна пошта, а сe наплаќаат според постојната цена за регистрација на домен на DNS сервери на Mакедонски Tелеком.
  3. DNS регистрацијата не опфаќа веб домен, потребен за веб страницата на корисникот или каква било друга веб комуникација надвор од она што го обезбедува хостираната деловна пошта.

За активирање на услугата, обратете се кај Вашиот менаџер за продажба или јавете се на 120.

  • Пристап преку интернет
    Се користи Zimbra Web client за пристап од 4-те најпопуларни пребарувачи: Microsoft Internet Explorer, Mozilla Firefox, Google Chrome, Macintosh Safari.
  • Пристап преку Zimbra Deskop client
    Се користи матичен Zimbra Desktop клиент, поддржан од Windows, Linux или OS X.
  • Пристап преку Zimbra Connector for Microsoft Outlook
    За корисниците кои се навикнати на MS Outlook, обезбеден е Zimbra Outlook Connector како метод за пристап до Хостираната деловна пошта на Македонски Телеком.
  • Пристап преку смартфон
    До Zimbra Mobile Web Client, може да се пристапи на каков било мобилен уред. Со употреба на Zimbra Mobile Web Client, корисниците можат да пристапат до нивните пораки, контакти, календар и актовка преку мобилен уред.

Постои можност за миграција на поштенско сандаче од претходното решение за електронска пошта:

  • Миграција од Microsoft Exchange може да се направи со користење на посебната PST алатка за миграција којашто овозможува миграција на повеќето елементи од поштенското сандаче (електронски пораки, контакти, календари, задачи и сл.). Поддржана е миграција на .pst документи од MSO 2003 или 2007;
  • Миграција со IMAP конекција се користи само за мигрирање на електронските пораки на поштенско сандаче од некој јавен давател на услуги.